Германска населба наплаќа 88 центи кирија годишно - Кои се условите за да живеете таму?

Мора да сте католик, да докажете дека навистина сте во незавидна финансиска положба и секојдневно по трипати да се молите на Бога за да можете да живеете во симпатичното предградие на Аусбург, каде киријата е само 88 центи месечно. Би прифатиле ли?

vo-edna-germanska-naselba-kirijata-e-samo-88-centi-no-za-da-mozhete-da-zhiveete-tamu-ima-nekolku-uslovi-01.png

Фугереј, Аугсбург, Германија - во ова магично место, киријата не е покачена од 1520 година и изнесува само 88 центи за цела година.

Откако ковал монети за Ватикан и се прославил како еден од најголемите претприемачи во Европа, Џејкоб Фугер (познат како „Богатиот Џејкоб“) го свртел погледот кон оние на кои им е потребна помош.

Она што произлегло од оваа визија сега опстојува како најстариот добротворен комплекс за социјални станови во светот. 

Во 1517 година, започнала изградбата на визијата на Фугер за она што ќе стане место со златни ѕидови што тој го создал како начин да обезбеди прифатливи домови за најсиромашните - дневните работници, занаетчиите и нивните семејства.

vo-edna-germanska-naselba-kirijata-e-samo-88-centi-no-za-da-mozhete-da-zhiveete-tamu-ima-nekolku-uslovi-02.png

Иако претрпела голема штета за време на бомбардирањето во Втората светска војна, населбата била вратена во нејзината претходна состојба.

Ова место сега се состои од приватни резиденции вклучувајќи 67 куќи, 147 станови, црквата Свети Марко и административна зграда.

vo-edna-germanska-naselba-kirijata-e-samo-88-centi-no-za-da-mozhete-da-zhiveete-tamu-ima-nekolku-uslovi-03.png

Денес постојат повеќе услови за да можете да живеете во оваа населба, а и самиот процес на аплицирање не е воопшто лесен.

Апликантите треба да дојдат лично, да разговараат со социјалните работници и да појаснат какви други потреби има апликантот освен финансиските.

Поединците заинтересирани да живеат таму мора да ја докажат својата (католичка) вера и да докажат дека се во мошне незавидна финансиска положба.

Жителите секој ден треба да кажат три молитви со кои се молат за здравјето на семејството Фугер.

Постои уште едно правило до кое жителите мора да се придружуваат, а тоа е забраната за излегување по 10 часот навечер и секој што ќе се најде на улиците во предградието ќе треба да плати казна од 1 евро.

Целта на ова правило била да се заштити населбата од алкохоличарите што талкаат по улиците.

vo-edna-germanska-naselba-kirijata-e-samo-88-centi-no-za-da-mozhete-da-zhiveete-tamu-ima-nekolku-uslovi-07.jpg

Жителката Каролина Ленцгајгер за германските медиуми вели дека никој не ги проверува дали тие задолжително го прават ова, но таа се придржува до правилото од благодарност за можноста да живее во населбата.

Самата раскажува дека дошла да живее овде пред 2 години кога заради здравствени проблеми останала без приходи и сега е благодарна за тоа што има можност да живее во 2 соби во населбата.

Слична е и приказната на Илона Барбер која за Financial Times појаснува дека доколку не добиела сместување во населбата, со нејзината мала пензија денес би била бездомник.

vo-edna-germanska-naselba-kirijata-e-samo-88-centi-no-za-da-mozhete-da-zhiveete-tamu-ima-nekolku-uslovi-06.jpg

Фондацијата Фугер има околу 3.000 хектари шуми од каде се обезбедуваат речиси сите средства за одржување на малите домови, а заедницата дополнително заработува и од божиќните пазари и од посетите од туристи.

Овде посетителите плаќаат 4 евра за прошетка низ целиот град, а овој влезен билет чини повеќе од киријата таму.

Погледнете повеќе фотографии од населбата:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја –  има повредени Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може ...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дом... 63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затв...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg