Во Танзанија е еден од најпознатите музичари, прв ги објави вестите за смртта на Маја Миа – Кој е Оми Димпоз, поранешниот дечко на инфлуенсерката што трагично почина?

По ова на Оми му била направена операција во Јужна Африка, а тој самиот неодамна јавно му се заблагодари на тогашниот претседател на Танзанија, Џакаја Киквете, затоа што постојано се јавувал во болницата и се претставувал дека му е татко со цел да обезбеди најдобра медицинска нега за него.
„Им одговорив дека тој ми е татко и дека е претседател на Танзанија, па ме прашаа дали сум славен таму. Им реков да го побараат моето име на Гугл, по што почнаа да раскажуваат дека сум славен таму и почнаа да пеат некои од моите песни.
Мораа да ми направат дополнителни испитувања на белите дробови, што чинеа дополнителни 25.000 долари. Ми рекоа дека не треба да платам ништо“ – изјавил тој.

Операцијата траела 12 часа, а по неа неколку дена бил во кома. По 15 дена поминати во болницата во Јужна Африка Оми бил испратен на домашно лекување. Оттогаш па наваму, пејачот целосно успеал да заздрави и да објавува нова музика.

Претходно Оми го поврзувале со голем број девојки во Танзанија, бил вклучен и во неколку скандали со неверства, па дури и се шпекулирало дека е хомосексуалец.
Во 2020-тата година според дел од медиумите во Танзанија, тој ја започнува врската со инфлусенсерката и мејкап артист Маја Миа, која е со потекло од Македонија.

Во 2021-ва година бил вклучен во уште еден скандал кога колегата музичар Бен Пол го обвинил дека е виновен за неговиот развод со сопругата Анерлиса Мунгаи. Оми рекол дека воопшто не знае за што зборува неговиот колега.

На македонската јавноста Оми ѝ стана познат откако тој прв ја објави веста за ненадејната смрт на нашата инфлуенсерка Миа Маја и објави повеќе нивни заеднички фотографии.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“
„Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...