Во Танзанија е еден од најпознатите музичари, прв ги објави вестите за смртта на Маја Миа – Кој е Оми Димпоз, поранешниот дечко на инфлуенсерката што трагично почина?
- Детали
- понеделник, 05 декември 2022
Во 2018-та година поминал тешка операција на хранопроводот, а тогашниот претседател на Танзанија лично се заложил Оми да добие најдобра медицинска нега, музичарот прв ги објави вестите за смртта на инфлуенсерката Маја Миа – Што знаеме за Оми Димпоз, поранешниот дечко на познатата мејкап артистка со македонско потекло која трагично го загуби животот?
Во текот на вчерашниот ден на својот Инстаграм профил танзанискиот музичар Оми Димпоз објави повеќе заеднички фотографии со инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа и јавно се прости од неа.
Според пишувањата во медиумите во Танзанија, Маја и Оми биле во врска од 2020-та годна, а во оваа африканска земја тој е толку познат што дури и претседателот лично се заложувал за неговата здравствена состојба.
Прочитајте повеќе: Родена во Охрид, повеќе од милион следбеници: Нашата Маја е светски позната јутјуберка која заработува вртоглави суми (фото)
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за него:
Омари Фараџи Најембо во Танзанија е попознат под името Оми Димпоз. Тој важи за еден од најпознатите музичари во оваа африканска земја. Роден е во 1987-ма година, а со музика почнал да се занимава уште во средно училиште.
Тој имал мошне тешко детство. Кога бил во основно училиште мајка му починала, а татко му никогаш не бил присутен во неговиот живот.
Пред извесен период татко му јавно му барал помош, по што Оми се откажа од него. Музчираот во оваа прилика ја раскажа својата тажна приказна за тоа како татко му воопшто не сакал ниту да го погледне по загубата на мајка му, а дека сега го бара само затоа што е успешен.
Во периодот од 2005-та година до 2011-та бил член на повеќе музички состави и групи, а потоа започнува соло кариера. Важи за вистинска ѕвезда во Јужна Африка, добитник е на повеќе награди и признанија, а се смета дека само од музичката кариера успеал да заработи околу 2 милиони долари.
Во 2018-та година пејачот имал проблеми со здравјето, откако при здравствена контрола во Танзанија дознал дека боледува од рак. Првично се лекувал во Кенија, а потоа бил упатен во Јужна Африка за да направи дополнителни испитувања.
Во Јужна Африка му биле направени дополнителни испитувања и било утврдено дека тој страда од болеста дисфагија која се манифестира со отежнато голтање на одредени видови храна и течности, а која може, но не мора да биде предизвиканa од канцерогени тумори на хранопроводот.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





