Принцот Хари со нови детали за љубовта со Меган: „Се вљубив во нејзина смешна фотографија со кучешки уши на Инстаграм“

„Меган во голема мера е многу слична со мајка ми. Ја има истата страст, истата емпатија, истата самодоверба. Морав да направам сѐ што можев за да го заштитам сопственото семејство. Не сакав да се повтори историјата на мајка ми“ – вели Хари во најновиот документарен филм, посветен на неговата врска со Меган и одлуката да си замине од кралското семејство.

princot-hari-so-novi-detali-za-ljubovta-so-megan-se-vljubiv-vo-nejzina-smeshna-fotografija-so-kucheshki-ushi-na-instagram-01.jpg

Вчера (08.12) на Netflix беа објавени првите три епизоди од документарниот филм на принцот Хари и Меган Маркл, Harry and Meghan а досега се откриени повеќе детали за тоа како започнала нивната врска, но и како изгледал нивниот живот во кралското семејство пред да одлучат да се откажат од своите должности.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-02.jpg

Филмот нуди повеќе досега непознати детали за тоа како „најпосакуваниот ерген“ во тоа време ја запознал Меган Маркл која беше мошне популарна по улогата во ТВ серијата Suits, но и како се чувствувале на почетокот на врската.

Тој споделува како морале да се откажат од кралското семејство за да побегнат од огромното медиумско влијание, контролирано од британската палата и да си обезбедат поголема приватност.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-09.jpg

Тие открија дека се запознале на Инстаграм, а Хари вели дека случајно ја видел нејзината фотографија кај профил на пријател по што побарал да ја запознае.

„Скролав на социјалните мрежи, и еден пријател имаше објавено видео од нив двајца, како Snapchat“ – појаснува Хари и вели дека отакако ја видел Меган со филтер на куче веднаш посакал да ја запознае.

„Си мислев: Која е оваа?“ – вели тој.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-03.jpgФотографијата со која Меган му го привлекла вниманието на Хари

Меган раскажува како пријателот ја прашал дека принцот Хаз сака да се запознае по што таа му побарала да ѝ прати линк од неговиот профил за да му ги види фотографиите, а веќе следниот ден тие двајца размениле телефонски броеви.

„Имав кариера, го имав својот живот, имав сопствен правец и потоа дојде Хари. Тоа беше целосен пресврт“ – вели Меган.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-04.jpg

Погледнете го видеото од моментот кога Хари зборува за запознавањето со Меган:

Хари признава дека тие двајцата се труделе колку може подолго да ја кријат сопствената врска, затоа што се плашел дека таа ќе побегне од медиумите – што претходно успеале да избркаат голем број луѓе подалеку од него.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-06.jpg

На почетокот се гледале на секои две недели, а поминувале премногу време во видео разговори и размена на пораки.

Откриваат дека последната вечер пред приказната за нивната врска да биде откриена тие двајцата излегле, а Хари се маскирал со очила и марама за да можат да уживаат во приватноста барем уште една вечер.

princot-hari-i-megan-so-detali-za-vrskata-ja-zapoznav-na-instagram-ne-sakam-da-i-se-sluchi-istoto-shto-i-se-sluchi-na-majka-mi-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава