Принцот Хари со нови детали за љубовта со Меган: „Се вљубив во нејзина смешна фотографија со кучешки уши на Инстаграм“
Хари прави споредба помеѓу тоа како медиумите ја третирале Меган и го споредува со големото медиумско прогонство што го трпела неговата мајка Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997-ма година додека бегала од папараци фотографи.
„Меган во голема мера е многу слична со мајка ми. Ја има истата страст, истата емпатија, истата самодоверба. Има топлина во неа.
Знам дека има голем број луѓе во светот што не се согласуваат со она што го направив и како го направив, но знаев дека морав да направам сѐ што можев за да го заштитам сопственото семејство. Особено по она што ѝ се случи на мајка ми. Не сакав историјата да се повтори“ – вели Хари.
Хари понатаму вели дека кралското семејство не сакало да му помогне да ја заштити Меган. Тој појаснува дека припадниците на семејството, особено мажите требало да се оженат за луѓе според „одреден калап“ и вооопшто не е задоволен од тоа како британската палата се справувала со „расистичкиот третман на Меган“ во медиумите.
„Што се однесува до припадниците на семејството, сѐ она што таа го помина, го поминале и тие, па тоа беше нешто нормално според нив“ – рече Хари додека во филмот се прикажуваат снимки од принцезата Дијана, Сара Фергусон и Кејт Мидлтон опкружени од фотографи.
„Некои од семејството ми велеа: ‘ако мојата сопруга мораше да помине низ тоа, тогаш зошто твојата девојка треба да биде третирана поинаку. Зошто ти треба да добиеш поинаков третман, зошто таа треба да биде заштитена.
Реков дека тука разликата е расистичкиот елемент’“ – појаснува Хари.
Документарниот филм содржи голем број фотографии и видеа што досега не биле објавени во јавност. Видео од нивниот син Арчи, како и изјава на мајката на Меган, Дориа, која зборува за тоа какво било нејзиното искуство со семејството на Хари.
Според Меган ова е првпат тие двајца да можат слободно да ја кажат сопствената приказна, а нагласи дека интервјуто за време на веридбата било „оркестрирано реално шоу“ во кое не им било дозволено да споделат ништо за себеси.
Вторите три епизоди од Harry and Meghan ќе бидат емитувани на 15-ти декември, а во јануари ќе биде објавена и книгата мемоари на принцот насловена „The Spare“.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





