„Имав афера со принцот Хари кога имаше само 21 година – со него го имав најстрасниот бакнеж“ - Исповед на 51-годишна жена

„Кога му кажав дека треба да си одам дома, тој ме крена во раце, ме потпре на ѕид и ми го даде најубавиот, страстен бакнеж што некогаш сум го добила“ – вели 51-годишната Кетрин која тврди дека имала афера со британскиот принц кога тој имал само 21 година.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-beshe-opsednat-so-lizhenje-lizhavchinja-01.jpg

Кетрин Омани (51) е ѕвезда на реалното шоу Real Housewives of DC во САД која за првпат јавно проговори дека имала афера со принцот Хари кога тој имал само 21 година, а таа била 34-годишна разведена мајка на две деца.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-02.jpg

Кетрин говореше за британскиот весник The Sun и откри дека иако е 13 години повозрасна од Хари, таа со него имала незаборавни мигови во 2006-тата година и дека тој ѝ го дал „најстрасниот бакнеж во нејзиниот живот“.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-03.jpg

Кетрин е разведена мајка на две деца, која денес има 51 година, а тврди дека додека биле во врска, тие се однесувале како тинејџери што постојано се бакнувале – па дури имаат и заедничка фотографија на која заедно позираат во када.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-04.jpg

Во тој период Хари бил во врска со Челзи Дејви, а сонувал за нормален живот. Кетрин тврди дека тој бил опседнат со лижење лижавчиња, заради што таа почнала да го вика „бебе“.

По изјавата на британскиот принц, дека меѓу другото, во неговата книга Spare ќе зборува и за поранешните девојки, Кетрин даде изјава за британските медиуми и рече:

„Се сомневам дека тој ќе пишува за мене во својата книга, затоа што тој не можеше ниту да си замине мирно со 34-годишната мајка на две деца, врската беше целосно неприфатлива.“

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-08.jpg

Таа вели дека со Хари се запознале во бар во Лондон во мај 2006-та година, а во тоа време таа била разведена од сопругот Стивен, но не е сигурна дали Хари сѐ уште бил во врска со Челзи во истиот период.

„Тој имаше само 21 година и јас воопшто не помислував на врска со него. Но, кога сите почнаа да си заминуваат околу 11 часот вечерта, Хари покажа кон едно од возилата надвор и ми рече: ‘Ајде со мене’ и се чувствував почестено. По ова отидовме во ноќниот клуб ‘Eclipse’ во Кенсингтон каде седнавме во ВИП ложата“ – раскажува Кетрин.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-06.jpgПринцот Хари со Челзи Дејви

По ова тие двајца заминале во друг клуб, па оттаму во домот на негов пријател, каде двајцата долго време разговарале и се забавувале.

„Кога му кажав дека треба да си одам дома, тој ме крена во раце, ме потпре на ѕид и ми го даде најубавиот, страстен бакнеж што некогаш сум го добила. Апсолутно останав без зборови“ – вели таа и додава дека по ова Хари одлучил да ја однесе во нејзиниот дом каде тогаш живеела заедно со ќерките на возраст од 6 и 8 години.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-05.jpg

По ова продолжиле да се допишуваат и повторно се виделе по една недела, а имале уште два состаноци, по што тој одлучил да го промени телефонскиот број и веќе не се слушале.

Случајно се виделе по 3 години на поло натпревар на Барбадос и пријателски се поздравиле, а Кетрин вели дека верува дека кога принцот сега би ја видел, повторно би се поздравил со неа како да се најдобри другари.

„Се надевам дека е среќен и дека конечно нашол некоја слобода, затоа што тоа беше она што очајно го бараше во минатото. Се надевам дека Меган се грижи за него и му ја посакувам целата среќа на светот затоа што тој е храбар, харизматичен, смешен, интелигентен и прекрасен човек“ – вели Кетрин.

zhena-51-so-tvrdenje-imav-afera-so-hari-koga-imashe-samo-21-godina-so-nego-go-imav-najstrasniot-baknezh-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава