Моќна порака на мајка од Сиднеј: „Зошто на моите деца нема да им купам новогодишни подароци?“

Таа смета дека наместо материјални работи, кои ќе им здодеат за 3 дена, на децата треба да им „подарува“ искуства, кои ќе ги помнат цел живот. Совршена филозофија, зарем не?

zoshto-na-moite-deca-nema-da-im-kupam-novogodishni-podaroci-01.jpg

Шерил Су (39) од Сиднеј е мајка на две деца која вели дека одлучила на нејзините деца да не им купува никакви новогодишни и божиќни подароци и годинава.

Зошто? Затоа што наместо материјални работи вели дека сака да им „подарува“ искуства секоја година.

zoshto-na-moite-deca-nema-da-im-kupam-novogodishni-podaroci-02.jpg

Таа никогаш за празниците не им купувала подароци на 4-годишниот син и 2-годишната ќерка, иако семејството нема проблем со финансиите.

Но, и покрај ова нејзините деца веруваат во Дедо Мраз и семејството ги слави празниците.

zoshto-na-moite-deca-nema-da-im-kupam-novogodishni-podaroci-03.jpg

„На моите деца со сопругот им објаснивме дека Дедо Мраз е многу зафатен и дека тој сака да дава подароци на децата, но бидејќи тие се деца кои имаат многу работи и имаат сè што им треба, тој мора да се концентрира на некои деца кои немаат толку многу во животот.“

Наместо да ги опсипува со подароци, Шерил верува дека подобро е со нејзините деца да отпатува некаде за празниците или да минат ден сите заедно на плажа.

zoshto-na-moite-deca-nema-da-im-kupam-novogodishni-podaroci-05.jpg

„Ние ги цениме искуствата повеќе од материјалните работи. Радоста на детето за некоја играчка брзо ќе исчезне, но искуствата ќе ги помнат со години.

Ќе помнат кога сите заедно сме оделе на одмори, во тематски паркови, зоолошки градини или сме искусувале некои незаборавни авантури.

Jас не ги осудувам другите кои купуваат играчки, едноставно јас сакам на моите деца да им креирам спомени на цел живот, наместо да ги трошам парите на играчка која ќе ја заборават за 3 дена.“

Интересна филозофија на функционирање, зарем не?

Вие за што сте – за искуства или за материјални работи?

zoshto-na-moite-deca-nema-da-im-kupam-novogodishni-podaroci-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава