Замрзнати куќи, ограбени продавници, домови без струја – Најголемата снежна бура им го уништи Божиќ на Американците (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
Стотици илјади домови останале без струја, забележани се најмалку 34 смртни случаи, а во некои делови од САД температурата се спуштила и до -48 степени Целзиусови – како изгледа снежната бура што зафати голем дел од САД за време на католичкиот Божиќ?
Викендов католиците во САД го славеа Божиќ, но и се соочија со една од најсилните снежни бури што ја погодиле Америка.
Според CNN, бурата зафатила неколку делови од САД, а некои од најголемите градови во југоисточните и западните делови на државата, како и дел од градовите на источниот брег, го имаа најстудениот Божиќ со децении.
Викендов беа откажани над 2.600 авионски летови, а стотици илјади луѓе останале и без струја.
Според DW, вчера, 25-ти декември, забележани се и најмалку 34 смртни случаи поради невремето.
На Божиќ, бурата била најсилна во Бафало во западен Њујорк, по што многу луѓе останале и заробени во нивните автомобили.
Во Бафало наврнале 1,2 метра снег, а во некои делови од САД температурата се спуштила и до неверојатни -48 степени Целзиусови.
На Твитер цел викенд се споделуваат фотки и видеа од бурата, претежно од Бафало, кои одлично доловуваат со што се соочуваат луѓето.
Според дел од објавите, некои луѓе ја искористиле бурата и за да ограбуваат продавници.
Дел од објавите во продолжение:
„Боже… ветерот, снегот. Вака изгледа надвор од редакцијата News 4 Buffalo во северен Бафало. Ве молам бидете безбедни и останете дома“.
„Без струја веќе 14 часа. Во куќата е 12 степени. Сам сум дома само со звуците на ветрот, ’рчењето на моето куче и чешмите што капат. И, само да ви кажам, многу работи земаме ’здраво за готово‘“.
„Само дел од сегашната ситуација низ Бафало, Њујорк. Бурата остави многумина без вода и помош, додека некои само ја користат ситуацијата“.
„Пред мојот стан“.
„Поминавме луда смртоносна бура поради која уште наоѓаат тела во автомобили и куќи, и луѓе кои ограбуваат. Ова е лудо, бидете безбедни“.
„Ветрот ја отворил заклучената врата на братучетка ми, па сега чисти снег од дневната“.
„Речиси 15 сантиметри на мојата тераса, доаѓаат уште 45-60 сантиметри“.
„Почна чистењето! Среќен Божиќ на сите!“
„Кога сте во бурата во Бафало, и вашето куче ужива повеќе отколку вие“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





