Браво! Пензионер од Англија магистрирал на 74 години, 35 години откако завршил факултет

Цели 35 години откако дипломирал, Џон од Англија решил да го продолжи образованието, па годинава успеал да магистрира. Сега тој се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира другите да ги следат своите соништа, без оглед на нивната возраст.

inspirativna-prikazna-penzioner-od-anglija-magistriral-na-74-godini-35-godini-otkako-zavrshil-fakultet-01.jpg

Џон Вилшер од Англија има 74 години и дури неодамна магистрирал.

Тој е пензионер кој работел како наставник во основно училиште и смета дека е одличен пример за сите кои не успеале да ги остварат своите цели во младоста.

Во Англија, во последната година од основно училиште, некои ученици полагаат испит по неколку предмети, како математика и англиски јазик.

Со резултатите од овие тестови, тие аплицираат во средно. Но, Џон паднал на овој испит, па речиси целосно кренал раце од високото образование.

inspirativna-prikazna-penzioner-od-anglija-magistriral-na-74-godini-35-godini-otkako-zavrshil-fakultet-04.jpg

Подоцна Џон го положил испитот и завршил средно, а потоа се вработил како наставник. Додека работел, успеал да заврши и факултет.

„Додека предавав, учев за факултетска диплома, потоа се запишав на постдипломски студии во областа на образованието. Изгледа учењето додека работам е во мојата ДНК“.

Тој не ги довршил постдипломските студии и со години сметал дека нема потреба да продолжи понатаму со своето образование. Но во 2021-ва си го сменил мислењето и се запишал на магистерски студии и се фокусирал на климатските промени.

„Поминав тренинг за наставник по географија и науката отсекогаш ме интересирала. Климатските промени се проблем што треба да нè засега сите“.

inspirativna-prikazna-penzioner-od-anglija-magistriral-na-74-godini-35-godini-otkako-zavrshil-fakultet-02.jpg

Тој почнал да оди на предавања во септември минатата година, а добил и финансиска помош од државата поради неговата возраст.

„Без финансиската помош, нема да можев да си ги дозволам студиите со мојата мала пензија“, вели Џон.

Па, неколку децении подоцна, Џон конечно се вратил на училиште.

„Имајте на ум дека последниот час по географија го слушав во 1969 година, а последен пат полагав испит во 1987 година“.

inspirativna-prikazna-penzioner-od-anglija-magistriral-na-74-godini-35-godini-otkako-zavrshil-fakultet-03.jpg

Иако Џон е вреден ученик, вели дека воопшто не било лесно да го продолжи образованието на негова возраст. Сепак, бил пријатно изненаден од поддршката што ја добивал од сите околу него.

„Како постар маж кој полага испит првпат по 35 години, и со меморија која не е добра како порано, бев загрижен. Сепак, штом ги споделив моите грижи со еден професор, веднаш беа преземени мерки за да ми го олеснат учењето“.

Сега Џон се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира другите да не се откажуваат од своите соништа, без разлика на возраста.

„Требаше да надминам многу пречки, како испуштени можности поради паднатиот испит во основно. Но, овие пречки не ви го одредуваат животот.

Времето минува многу брзо, особено ако имате повеќе од 60 години. Па, ако сте заинтересирани за нешто, фокусирајте се на крајната цел, а не на минатите тешкотии“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава