Приказната за убавата Иранка на која мажи ѝ фрлиле киселина во лице затоа што не се облекувала традиционално
- Детали
- понеделник, 09 јануари 2023
Некогаш била бабица во болница со неверојатна убавина, но нападот со киселина пред 8 години ѝ го променил животот комплетно. Но, по него таа се издигнала одново и сега е инспирација за многу жени од Иран, кои се жртви на ваков тип на злосторство.
Марзие Ебрахим (33) oд Иран е жена која на само 25-годишна возраст се соочила со тешка судбина - додека се возела со автомобил од отворениот прозорец непознати мажи на мотоцикл ѝ фрлиле киселина во лицето.
Во тоа време нападот врз неа бил само еден од низата страшни напади со киселина кои се случиле врз жени кои не се облекувале традиционално како што наложува иранската култура.
Половина од нејзиното лице, а и видот на едното око ѝ се засекогаш одземени.
Тогаш нејзиниот брат во медиумите изјави дека Марзие пред нападот работела како бабица во болница, дека таа никогаш нема да биде иста повторно, но и дека нема да се предаде.
Нападот со киселина ѝ приредил неверојатна болка и еден поинаков живот, но таа говори гласно за хоророт низ кој минала и денес е симбол и утеха на многу жени од Иран.
Во октомври 2022-ра Марзие на својот Инстаграм профил напиша:
„Пред 8 години на овој ден го изгубив моето око, половина од моето лице и коса. Се борев да се родам одново и да ја прифатам новата јас.
Да си докажам дека иако ми го одзедоа половина лице, јас сум уште жена, јас сум уште убава и дека треба да танцувам и да ја пуштам косата да лета наоколу.
Сакам да кажам - Јас сум жена, жива сум и слободна.“
Повеќе фотографии од инспиративната и храбра Марзие:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





