23-годишна девојка живее „заробена“ во тело на дете - изгледа како да има 8 години
- Детали
- петок, 20 јануари 2023
Шауна Реј од САД имала рак на мозок како бебенце и поради хемотерапијата била погодена нејзината хипофиза. Денес е 23-годишна девојка која живее во тело на дете, но сега се пофали дека пронашла љубов.
Шауна Реј Лесик од Пенсилванија, САД, e 23-годишна девојка која е „заробена“ во тело на 8-годишно дете.
Taa e висока само 116 сантиметри и тежи само 23 килограми.
Забавениот раст на Шауна е несакан ефект на нејзиниот преживеан рак на мозок како доенче. Хемотерапијата ја оставила нејзината хипофиза во мирување, предизвикувајќи џуџест раст.
Поради нејзиниот изглед луѓето често ја сметаат за дете и не ѝ веруваат дека има 23 години.
Таа има и свое реално шоу на телевизијата TLC „I Am Shauna Rae“, каде прикажува како изгледа нејзиното секојдневие, но и секојдневието на нејзиното семејство.
Постојано споделува дека има тешкотии да пронајде љубов, поради изгледот, но сега откри дека конечно има партнер.
Таа е во врска со Ден Свигарт (26) од Велс, кој сам ја контактирал и ѝ испратил букет цвеќе, откако ја изгледал првата сезона од нејзиното шоу.
На следната страна повеќе Инстаграм фотографии како изгледа 23-годишната девојка „заробена“ во тело на дете:
Би можело да ве интересира:





