„Мајка ми постојано беше на работа кога бев дете, се чувствував запоставено - затоа сега сум домаќинка“
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
„Местото на жената е дома“ – вели оваа мајка на 2 деца, која не оди на работа и на социјалните мрежи отворено се залага за тоа мајките да се сконцентрираат на тоа да бидат домаќинки. Таа вели дека како дете се чувствувала запоставено затоа што мајка ѝ работела и не сака нејзините синови да растат така.
Додека најголем број од жените во светот се трудат да изградат кариера и истовремено да се грижат за семејството, Алексија Делароса (29) од Сан Диего, САД е традиционална домаќинка која целосно е посветена на сопругот и децата, а животот го живее како во 50-тите години на минатиот век.
Додека нејзиниот сопруг оди на работа во кафулето што е во негова сопственост, Алексија останува дома за да готви, чисти и да се грижи за нивните две деца.
Таа појаснува дека пораснала со мајка што била вработена, па заради тоа честопати се чувствувала запоставено и не сака и нејзините деца да се чувствуваат така.
„Мајка ми работеше и честопати знаеше да излегува со пријателите. Јас отсекогаш сакав моето семејство да биде потрадиционално.
Ми се допадна идејата да живеам живот како во 1950-тата година, период во кој жената останувала дома за да се грижи за сопругот и децата, а сопругот одел на работа.
Се сеќавам дека гледав филмови во кои жената остануваше дома да готви и да чисти по сопругот и мислев дека тоа е романтично и убаво и себеси се пронаоѓав во таков живот“ – појаснува таа.
Алексија вели дека најголемиот број жени што денес се обидуваат да изградат успешна кариера додека се грижат за семејството, најверојатно ќе се откажат од работните места во оној миг кога ќе сфатат дека не можат да постигнат сѐ.
За среќа, кога го запознала својот сопруг Метју, тие веднаш разговарале за нејзината идеја и нему тоа му се допаднало, па така од самиот почеток тој работел и се грижел за финансиите, додека Алексија останувала дома и се грижела за домот.
„Кога останав бремена со првиот син Арчер кој сега има 2 години одлучивме дека јас ќе останам дома со него.
Почнав да правам пекарски производи дома, но потоа останав бремена со второто дете и целосно се фокусирав на тоа да се грижам за децата, сопругот и домот“ – вели таа.
Таа вели дека нејзиниот сопруг нема никакви обврски кога ќе си дојде од работа, а таа се грижи сѐ да биде завршено и на масата да има вечера.
Алексија редовно објавува видеа и фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





