Бизарно: Семејство тврди дека живее во куќа опседната од демони - слушале детски плач, имало мирис на сулфур
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
Џон и Кими и нивните две деца наводно живеат во опседната куќа, а поседуваат и кукла која ја чуваат заклучена бидејќи тврдат дека во неа има демон. Тие имаат бизнис за „ловење“ духови, а велат дека другите ги споредуваат со семејството Адамс.
Џон Пол Кенеди и неговата партнерка Кими Џефери имаат две деца и велат дека тие се „семејството Адамс од реалноста“.
Парот и двете деца преферираат црна облека, а тврдат дека живеат во куќа опседната со духови.
33-годишниот Пoл и 38-годишната Кими се преселиле во куќата во септември минатата година и велат дека веднаш забележале нешто натприродно.
Откако се вселиле, тие слушнале плач на мало девојче и почувствувале мирис на расипани јајца, а ова ги убедило дека во куќата има духови.
За појаснување, мирисот на расипани јајца, односно мирисот на сулфур, во книгите и филмовите често се поврзува со присуство на демони или духови.
„Прво мислевме дека пукнала некоја цевка за гас бидејќи мирисаше како расипано јајце. Викнавме мајстор кој не најде никакво протекување.
Потоа, одеднаш, мирисот исчезна. Мирисот на сулфур може да биде знак за демони“, вели Џон.
Кими, пак, го слушнала плачот на девојчето во 3 часот наутро.
„Веднаш ги проверив ќерките, но и двете спиеја. Сега ќе купиме камери и ќе пробаме да снимиме нешто“, вели таа.
Парот има бизнис за „ловење духови“ кој е активен од август минатата година, а интересно е што на почетокот Кими не верувала во ништо натприродно.
„Кими беше многу скептична кога се запознавме. Потоа ја однесов на тура во опседната куќа каде што успеавме да снимаме дух со камера“, открива Џон.
Парот тврди и дека едната ќерка, Сноу, има способност да гледа духови.
„Постојано гледа работи во куќата. На двете девојчиња им е забавно што учествуваат“.
Џон и Кими си купиле и „опседнати“ подароци за Божиќ. Џон ѝ купил „демонски прстен“ на саканата, а таа му купила кукла која наводно е опседната.
Парот има и уште една морничава кукла, Естер, за која тврдат дека е опседната со демон. Поради ова, ја чувале заклучена.
Џон и Кими се надеваат дека ќе соберат повеќе опседнати предмети со кои ќе отворат музеј.
„Имаме кутија заврзана со јаже и запечатена со восок. Внатре е заробен злобен дух“, вели Кими.
Парот вели дека честопати добивале повици од соседите за да ги проверуваат натприродните појави во нивните домови.
„Нè знаат како опседнатото семејство. Некогаш нè викаат и семејството Адамс“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





