„Свекрвата облече ист фустан како мојата венчаница на свадбата, сега се чуди зошто ѝ се лутам“

Дали свекрвата и снаата носат исти фустани? Жена ја споделува својата приказна за тоа како свекрвата одлучила да се појави во идентичен фустан со венчаницата и стана хит на социјалните мрежи: „Таа беше изненадена дека ѝ се лутиме заради фустанот. Рече дека не знаела дека нѐ вознемирила.“

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-01.jpg

На сите им е познато дека на свадба постои непишано правило дека гостите не треба да носат бел фустан, за да не ја фрлат во сенка невестата, но оваа свркрва намерно или ненамерно одлучила да го направи спротивното.

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-02.jpg

Американката Џезмин Хопер стана вистински хит на ТикТок откако сподели видео на кое се гледа дека мајката на нејзиниот сопруг приредила непријатно изненадување, па одлучила да облече фустан што премногу потсеќа на венчаницата на невестата.

„Дента кога ја биравме венчаницата, свекрвата беше со нас. Јас избрав фустан што потсеќа на сирена и сакав да изгледам убаво на свадбата, сакав да носам нешто во што се чувствував секси“ – вели таа.

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-04.jpg

Џезмин појаснува дека за свадбата сама си ја направила фризурата и шминката и била мошне сконцентрирана на тоа да изгледа убаво, па воопшто и не забележала дека свекрвата носи речеиси идентичен фустан.

„Никој не можеше да ми го одземе вниманието. Па така кога ја видов дека се појави во речиси идентичен фустан како венчаницата, си помислив: ‘можеби не требало да се облече така, чудно е некако...’“ – раскажува оваа невеста, но вели дека на денот на свадбата воопшто не била свесна дека таа и свекрвата носат речиси идентична облека.

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-03.jpg

Џезмин појаснува дека за време на свадбата добивала чудни коментари од најблиските, па дури сестра ѝ се понудила да оди да фрли чаша вино врз свекрвата, но дека таа не прифатила затоа што не сакала ништо да го расипе денот.

Како што појаснува, дури следниот ден откако ги видела фотографиите сфатила во што е проблемот.

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-05.jpg

Таа ги земала фотографиите и му ги покажала на сопругот, кој исто така дури тогаш забележал дека свекрвата се осмелила да се појави во ист фустан.

По ова односите многу се влошиле, а Џезмин вели дека нејзиниот сопруг 9 месеци не разговарал со мајка му, сѐ додека не се извинила.

„Таа беше изненадена дека ѝ се лутиме заради фустанот. Рече дека не знаела дека нѐ вознемирила“ – појаснува Џезмин.

svekrvata-obleche-ist-fustan-kako-mojata-venchanica-na-svadbata-sega-se-chudi-zoshto-i-se-lutam-06.jpg

Свекрвата потоа се правдала и рекла дека нејзиниот фустан бил во крем боја со златни додатоци, но Џезмин сѐ уште е гневна, а доби огромна поддршка од оние што ги видоа нејзините видеа на ТикТок.

Според нејзините следбеници, тоа е „сигнал“ дека свекрвата сака да ѝ се меша во бракот и дека таа сакала да биде единствената жена во животот на нејзиниот син.

Што мислите вие? Ненамерна ли е грешката?

Погледнете го видеото што таа го сподели на ТикТок и кое има над 8 милиони прегледи.

@jazzyhop555 #mil #boymom #motherofthegroom #whiteweddingdresses #toxicmil #milwearingwhite #sonsweddingday ♬ original sound - ozu ♚

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава