Висок е само 94cm, како мал боледувал од рахитис – Кој е Абду Розик, противникот на Хасбула?

Тој е најмалиот музичар и професионален боксер во светот. Се прослави по дуелот што го имаше со Хасбула Мохамедов, познат и како Мини Хабиб, но Абду Розик од Таџикистан е помал за неколку сантиметри од неговиот противник. Кој е Абду Розик?

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-01.jpg

Абду Розик по потекло е од Таџикистан, а роден е во 2003-та година во селцето Гишдарва.

Неговиот татко бил градинар, а семејството било многу сиромашно, па кога Абду на 4-годишна возраст добил рахитис, тие немале доволно пари за да го лекуваат.

Како резултат на недостатокот на медицинска нега, кај Абду се намалува лачењето на хормонот за раст, заради што тој денес има џуџест раст.

Абду денес има 19 години, висок e само 94cm, а тежи околу 13kg.

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-02.jpg

Таџикистанскиот музичар првото обрзование го добил во домашни услови, затоа што училиштата не сакале да го примат сметајќи дека тој е многу мал.

За првпат почнал да посетува настава на возраст од 12 години, а откако се здобил со диплома од средно образование, се запишал и на локалниот колеџ.

Абду стана славен благодарение на социјалните мрежи. Тој сака да пее рап песни на родниот таџикистански јазик, a неговите видеа почнале брзо да се споделуваат на социјалните мрежи.

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-05.jpg

Абду го привлекол вниманието на тамошниот блогер и рапер Барон кој го убедил семејството на Абду да го пушти во градот Душанбе за да стане пејач.

Раперот дури платил и за лекувањето на малиот колега, кој успеал да порасне неколку сантиметри.

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-06.jpg

Со оглед на тоа што немал доволно пари за да си обезбеди пристоен живот на почетокот на кариерата, Абду го прифаќа предизвикот на Хасбула Мохамедов за ММА борба и видеото од нивната прес конференција, каде и двајцата беа подготвени да почнат да се тепаат, стана вирален хит.

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-04.jpg

Оваа борба беше назначена како „неетичка“ од надлежните органи и затоа беше откажана, но по таа прес конференција, Абду и Хасбула стекнаа светска слава. Тие двајца денес се едни од најпознатите личности со џуџест раст во светот.

visok-e-samo-94cm-kako-mal-boleduval-od-rahitis-koj-e-abdu-rozik-protivnikot-na-hasbula-03.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Абду во продолжение: 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава