Браво! Девојка оди пеш од Виена до Истанбул и собира донации за жртвите од земјотресот

Љубителката на Турција, Франциска Нихус e инфлуенсерка која реши да оди пеш 2.400 километри за жртвите од земјотресот, почнувајќи од Виена, главниот град на Австрија, до Истанбул, а донациите кои ќе ги собере ќе ги испрати во градовите кои беа погодени од земјотресот.

devojka-odi-pesh-od-viena-do-istanbul-i-sobira-donacii-za-zhrtvite-od-zemjotresot-01.jpg

Франциска Нихус потекнува од Германија, а 5 години живее во Турција. Таа обиколи 81 провинција во Турција со нејзиниот жолт класичен автомобил, кој го нарече Лимон, а сега реши да започне значајна кампања по земјотресот на 6 февруари 2023 година, во кој животот го загубија многу луѓе.

Таа планира да пешачи околу 20 или 30 километри дневно, темпо за кое ќе и треба околу пет месеци да стигне до Истанбул откако ќе помине низ 8 земји, вклучувајќи ги Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и Грција.

По секои поминати 500 километри, таа ќе ги распределува донациите за добротворен проект и 5 различни невладини организации ќе имаат корист од донациите и ќе поддржат:

  • реконструкција на домовите 
  • училишта и образование
  • помош за деца
  • нега на животните
  • помош за малите бизниси

Многу луѓе дадоа голема поддршка на кампањата на Франциска за помош, која со видеата што ги сподели на нејзините социјални мрежи стигна до многу следбеници од целиот свет и Турција.

Веќе на вториот ден таа собра 3.000 долари (околу 56.700 TL), а донирањето се одвива преку линк на нејзиниот профил на Инстаграм.

Освен оваа кампања, веднаш по земјотресот Франциска ја пружи својата помош, а за Dailysabah раскажува каква била ситуацијата таму:

„Кога бев во Елбистан, беше навистина студено. Сите го изгубија своето семејство или домовите. Но, сепак дојдоа кај мене да ми понудат чај. Можеби изгубија сè, но не изгубија гостопримство и надеж. Затоа се грижам за нив толку многу...“

„Размислував што можам лично да направам за да помогнам во оваа ситуација за Турција, која ја нарекувам дом. Се чувствувам како да има нешто што можам да направам за да им помогнам на луѓето.

Па, нешто што можам да го направам е да ја зголемам свеста со моите социјални мрежи со собирање донации за оние луѓе на кои им е најпотребна помош во моментов.“

Франциска споделува и дека Хатај - еден од градовите со многу штета после земјотресот, е и едно од нејзините најомилени места во Турција за кое ја поврзуваат многу спомени.

„Отидов во Хатај, кој е еден од моите омилени градови во Турција. Имам и пријатели таму. Веднаш ги контактирав сите за да се уверам дека се добро. Но, градот повеќе не се препознава.

Навистина сум уништена поради ова. Се надевам дека заедно можеме да го изградиме ова повторно. Знам дека може да потрае многу долго. Но, еден ден, ќе биде во ред."

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава