Како дел од натпреварот за најдобра фотографија со породување, фотографи од целиот свет направиле неверојатни фотки на кои одлично го доловуваат овој посебен миг за секој родител.
По низата трагедии во нејзиното семејство, смртта на таткото, смртта на бабата и дедото, Ајви Гети, која важи за една од најбогатите наследнички во светот го скрши проклетството и се омажи во венчаница од парчиња огледала.
На настан во Њујорк во чест на воените ветерани, Меган Маркл го украде целото внимание со долгиот црвен фустан од Каролина Херера. Со неа беше и принцот Хари и речиси постојано се држеа за рака.
Мајка од Англија се обиде да им одговори на луѓето што упатуваат негативни критики за тоа што таа ја носи нејзината 5-годишна ќерка на избори за Мис. Вели дека малата Лајла Роуз станала посамоуверена и ги подобрила оценките.
Манфред Стајнер, кој има два докторати од областа на медицината, отсекогаш ја сакал физиката, па откако се пензионирал решил да се врати во училиште и на 89-годишна возраст го добил и третиот докторат.
„Отсекогаш сакав да бидам татко, но мислев дека никогаш нема да имам деца затоа што имав над 170 циклуси хемотерапија. Син ми е апсолутно чудо бидејќи беше зачнат природно“ - вели Џонатан (32) од Англија кој од 17 години се борел со тумор на мозокот.
Во 2012 година Талибанец ја застрела во главата малата Малала – денес таа има 24 години, летово ја имаше 6-тата операција за санирање на штетата од талибанскиот куршум, а сега стапи во брак со својот сакан.
Продавачите во Египет се навистина упорни, па на моменти и напорни може дури да видите како продавач виси на ремен во јавен превоз за да докаже дека ременот е квалитетен.
Околу 39.000 тони нераспродадена облека од втора рака или непродадени парчиња облека заостануваат во слободната зона во Чиле, а оттаму илегалнo се пренесуваат во депонии формирани во пустината Атакама.
Ниту девојката на најбогатиот човек на светот не може да му одолее на шармот на холивудскиот заводник Леонардо Ди Каприо. Девојката на Џеф Безос, Лорен Санчез се топеше пред холивудскиот актер.
За првпат годинава ќе биде достапен и календар во кој пожарникарите се во костими за капење, наместо во униформата, а направени се и видеа од фото-сесиите на пожарникарите.
На маратонот во Њујорк каде што натпреварувачите треба да истрчаат 42 километри, еден маратонец паднал на само 200 метри пред финишот, но двајца непознати тркачи го жртвувале нивниот резултат, па го фатиле за раце и му помогнале да ја заврши трката.
Во Исланд постои сообраќаен знак кој ви се смее кога возите под дозволената брзина и е натажен кога ја надминувате. Оброците во болница се со свеж лосос, а
Кимберли Фишер (33) од Велика Британија успеала да ја преполови својата телесна тежина, поради тоа што стравувала дека ќе ја остави својата ќерка без родител.
Кога ќе се спомне поимот политика честопати сметаме дека станува збор за нешто здодевно, но, сепак може да се издвојат повеќе жени во политиката што се истакнуваат со својата убавина и сексапил. Од кои земји потекнуваат овие жени?
„Стоп за стереотипите кои постојат за мајките...“, порачува Коди Елис, која вели дека една мајка може да биде и забавна и со младешки изглед и секси.
180 километри велосипедски патеки, забрана за сообраќај во центарот на градот, 45.000 евра казна за негрижа за миленик, ослободување на животните од циркусите и делфините од аквариум за забава – Париз, но и целата Франција, сериозно ги сфатиле проблемите со загадувањето и експлоатацијата на природата и живот свет.
„Личи на завеса за туширање / Никогаш немам видено розова вреќа за ѓубре“ - се само дел од коментарите на видеото во кое девојка покажува разлика помеѓу секси фустанот кој го нарачала онлајн и тоа што ѝ стигнало. Какво е вашето искуство со онлајн купување?