Емотивно видео: Маратонец паднал 200m пред финишот, непознати тркачи го носат на раце за да стигне до крај

На маратонот во Њујорк каде што натпреварувачите треба да истрчаат 42 километри, еден маратонец паднал на само 200 метри пред финишот, но двајца непознати тркачи го жртвувале нивниот резултат, па го фатиле за раце и му помогнале да ја заврши трката.

emotivno-video-stranci-mu-pomagaat-na-natprevaruvach-da-go-zavrshi-maratonot-vo-njujork-otkako-padnal-200-metri-pred-finishot-01.jpg

Викендов се одржа маратонот во Њујорк – настан кој секоја година привлекува бројни атлети не само од САД, туку од целиот свет.

Но, годинава фокусот не беше на трката, туку на добрина на неколку тркачи кои несебично му помогнаа на непознат натпреварувач да стигне до целта.

На само 200 метри пред финишот, маратонецот кој претходно истрчал околу 40 километри, изгледа повеќе не можел да издржи и паднал.

Додека повеќето натпреварувачи го одминале, двајца од нив застанале да му помогнат, а емотивниот момент е овековечен на видео. 

Двајца натпреварувачи го држат изнемоштениот маратонец за раце и му помагаат да изоди до финишот, додека публиката ракоплеска. Зад нив застанува уште еден натпреварувач кој им помага да го придржат мажот. 

Настанот го снимила девојка по име Енди Кент и го објавила на Инстаграм Стори и многу брзо почна вирално да се шири бидејќи ја враќа вербата во човештвото.

Во коментарите на објавата инстаграмџиите се восхитуваат на несебичната добрина на натпреварувачите, а една девојка вели дека сведочела на мигот:

„Бев таму! Го видов ова и заплакав! Беше нереално. Сите викавме ’Не е важно за колку време ќе истрчате! Тој е ваш брат! Кренете го! Ајде, ајде!‘ Најдобар миг од маратонот“.

Засега не е познат идентитетот на маратонците, но за нивната добрина сигурно ќе се зборува уште долго.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...

Најчитани неделава