7 часот наутро, автобусот застанува на преполната станица. Вратите полека се отвораат и се создава мешаница од луѓето кои сакаат да излезат и оние кои се обидуваат да се качат во автобусот. „Влегувајте бре, аман што чекате? Полжави едни, еден век ќе помине додека да се качите и да тргнеме! Ајде бре мајсторе тргни веќе, ќе ги чекаш овие желкиве...