За љубителите на пишаниот збор: Минијатурна иновативна библиотека во Канада

Промовирајќи ја литературата и доживотната љубов кон читањето, „The Story Pod“ претставува минијатурна пренослива библиотека од каде можете да позајмите книга но и да се дружите со останатите вљубеници во пишаниот збор.

minijaturna-inovativna-biblioteka-vo-kanada-01.jpg

Добротворниот проект изработен од страна на архитектонското студио „Atelier Kastelic Buffey“ претставува реализација на идејата на една заедница за создавање на централно, модерно обележје каде жителите ќе може да се дружат помеѓу себе.

Градбата која зафаќа површина од 6 м2 е сместена покрај пешачка патека во близина на речниот брег во Њумаркет, Онтарио, предградие на Торонто.

Едноставниот, но функционален дизајн на „Atelier Kastelic Buffey“ бил оживеан од страна на волонтери вработени во градската управа. Ѕидовите претставуваат вертикални плочи  кои се менуваат како што шетате околу структурата, најтесните места претставуваат цврсти ѕидови, поголемите празнини дозволуваат навлегување на светлина, а најшироките делови претставуваат полици со книги.

„The Story Pod“ престанува да работи заедно со залезот на сонцето. Навечер, користејќи светилки напојувани од соларниот панел поставен на кровот на структурата, малата библиотека е осветлена однатре и служи како сјајна точка за ориентација на малиот крајречен плоштад.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
9 декорации од TEMU со кои ќе си ја претворите терасата во бајковито катче Скаличка за редење саксии, декоративни украси за на ѕид, вештачка трева за на по...
10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив) Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...
Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...

Најчитани неделава