37-годишна Американка создава торти кои се граничат со реалноста – заработува милиони долари по „шеќерен пат“

Натали Сајдсерф е тип на жена која има многу уникатен талент кој повеќето од нас не можат да кажат дека го поседуваат. Таа не е актерка или пејачка. Не е ни вирална видео-ѕвезда која танцува на ТикТок, ниту пак е инфлуенсерка на Инстаграм.

Zarabotka-od-milioni-dolari-po-shekjeren-pat-37-godishna-Amerikanka-sozdava-torti-koi-se-granichat-so-realnosta 01 630x330.jpg

Всушност, Натали е пекарка и сопственичка на сопствен бизнис. Таа долги години поседува пекара и прави колачи и торти. Нејзините ремек-дела изгледаат толку реално што оставаат без зборови.

Оваа „мајсторка“ ја комбинира љубовта кон пекарството со нејзините уметнички таленти со цел да создаде реални уметнички дела, што згора на сѐ - може да се јадат.

По дипломирањето за ликовни уметности, Натали се преселила со нејзиниот сопруг Дејв Сајдсерф во Остин, каде што го отворила студиото за торти Sideserf.

Слатките на Натали добија широко признание кога нејзината реалистична торта со ликот на Вили Нелсон сосема го „запали“ интернетот и собра милиони прегледи.

Совладувајќи ја својата иновативна умешност за украсување торти, заработувајќи награди и медиумски признанија, Натали без престан изработува разни слатки задоволства чија естетика го воодушевува целиот свет.

Уште во 2014-та година го доби епитетот „една од најталентираните млади уметници за торти на светот“, што за нејзините тогашни 29 години е огромен комплимент.

Нејзината проценета вредност се движи помеѓу 1 и 5 милиони долари. Неоспорно, станува збор за огромна сума на пари, заработени по „шеќерен“ пат.

Во продолжение ги издвоивме најуникатните ремек-дела на Натали кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава