За таа една личност што ми е ангел на рамо во животот – Ти благодарам!

„Среќна сум што ја имам таа една личност што ми е ангел на рамото, кога импулсивноста ќе ми зататни во ушите и ќе ме направи глува за некои рационални потези. Ако ништо друго барем за броење до 10, за малку емпатија, за сфаќање дека не сме сите исти и не сите исто грабаме од животот...“

za-taa-edna-lichnost-shto-mi-e-angel-na-ramo-vo-zhivotot-ti-blagodaram-01.jpg

Не знам за вас, но јас сум импулсивна и одлуки не носам брзо, носам моментално.

На пример, вчера бев на фризер и ненадејно донесов одлука да ја скратам половина коса. Фризерката беше запрепастена, ме убедуваше да не го правам тоа...

И јас самата си бев изненадена од одлуката затоа што тргнав со идеја само да си ги потстрижам испуканите врвови, но ете, си донесов одлука и не се каам.

И ова е само банален пример, но таква сум по природа и за миг можам да ставам крај на децениско пријателство, да напуштам работа, да прекинам љубовна врска...

И потоа најверојатно дури и ќе се убедам дека сум била во право и успешно ќе функционирам потоа.

za-taa-edna-lichnost-shto-mi-e-angel-na-ramo-vo-zhivotot-ti-blagodaram-02.jpg

Но, има едно големо НО... Што ако некогаш погрешам? Што ако потоа ми требаат години за да ја поправам направената штета? Што ако се покајам, а работата не можам да ја поправам?

Дали ќе се покајам што не размислив двапати пред да влезам во вртлогот од своето сопствено лудило, каде сум водена единствено од емоциите, кои одредена личност или настан ми ги поттикнале во мигот?

Дали ќе беше поинаку ако преспиев?

Не, јас немам време за тоа...

Но, затоа сум среќна што ја имам таа една личност што ми е ангел на рамото, кога импулсивноста ќе ми зататни во ушите и ќе ме направи глува за некои рационални потези. Ако ништо друго барем за броење до 10, за малку емпатија, за сфаќање дека не сме сите исти и не сите исто грабаме од животот.

za-taa-edna-lichnost-shto-mi-e-angel-na-ramo-vo-zhivotot-ti-blagodaram-03.jpg

Е, таа личност тогаш кога сум во афект ми вели: „Сопри, застани, стави се во туѓи чевли, размисли, можеби грешиш, зошто брзаш, почекај...“

И не ми се допаѓа тоа што го слушам и сакам да го направам во мигот тоа што го замислив, но овие зборови сакала или не – допираат до мене.

Ме тераат да го дочекам барем утрото за да донесам одлука.

И тоа утро е помудро, многупати досега ми се докажало тоа.

Убаво велат старите: „Преспиј, со студена глава донеси одлуки“.

И на оваа личност, која ми е ангел на рамото, ѝ благодарам што не изгорев во многу пригоди досега, иако сепак сум убедена дека понекогаш требаше да ме остави да истерам по свое, во право бев, ќе извојував битка која некогаш мора да биде извојувана.

Но, ете во име на мирот во куќа (мир во животот) убаво е што ја имам оваа личност.

И само едно сакам да ѝ кажам – Ти благодарам!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg