За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни

Скопје е токму ова – мирисот на липи во јуни. Благата арома ги надразнува сетилата, а вие дишете длабоко, како да сакате да го впиете мирисот со секој дел од телото и да го запомните до следната сезона на липите. Колку што се волшебни јапонските цреши на улицата „Максим Горки“, толку се прекрасни и липите на „Орце Николов“...

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-01.jpg

Ако деновиве прошетате низ Дебар Маало, ќе ве опие мирисот на липите. На која страна и да се свртите, пред вас ќе се појави уште еден нов дрворед - липи засадени една покрај друга, со многу зелени лисја и уште повеќе жолти цветови. И мирис, мммм, мирис од кој ќе се разбудат сите сетила.

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-02.jpg

Скопје е токму ова – мирисот на липи во јуни. Благата арома ги надразнува сетилата, а вие дишете длабоко, како да сакате да го впиете мирисот со секој дел од телото и да го запомните до следната сезона на липите. 

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-03.jpg

Мирисот создава таква носталгија, што имам чувство, дека додека одат меѓу дрворедите, минувачите наместо да брзаат, го забавуваат својот чекор. И уживаат со секој здив.

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-06.jpg

Освен оние што се алергични на полен. Е, тие одат што е можно побрзо и бегаат да го заобиколат овој дел од градот.

Колку што се волшебни јапонските цреши на улицата „Максим Горки“, толку се прекрасни и липите на „Орце Николов“.

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-09.jpg

До толку се прекрасни што ќе се преправаме дека нозете не ни се лепат по асфалтот додека газиме по тротоарите покрај дрворедите со липи.

И колку и да ни е мака, нема да се жалиме дека тешко ја чистиме шофершајбната на автомобилот паркиран под некоја липа. Малку опоен мирис и занемаруваме сè. До следниот јуни.

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-08.jpg

П. С. Дали кога врне и стоиме под липа, врз нас паѓа чај од липа, а не дожд?

skopje-e-mirisot-na-lipa-vo-juni-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: А. Ј.

Би можело да ве интересира:

„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg