Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Патлиџан турист“ е балкански синдром - На светските плажи никој не осудува, не му е гајле што јадеш и пиеш

А, бразилските плажи се права журка! Нема лежалки, многу ретко бич-барови, само на некои помондески локации.

Најпознатите Ипанема и Копакабана воопшто немаат лежалки, ни барови, само шанкови и места да се изнајми чадор. Не ни има место каде се легне од што се преполни.

Ама затоа има огромни мрежи за одбојка и игралишта за фудбал на песок, подвижни шанкови кои нудат пиво, компирчиња и кокоси, па дури и мали подвижни скари!

На плажа се трга со неопходната опрема - кулер со пиво и звучник. И секој на плажа си е во свој филм, во свој момент на уживанција!

@rrrrrrrrhiannon

📍Copacabana, Rio de Janeiro, Brasil 🌊 #traveltok #brazil #brasil🇧🇷 #brasil #brazilian #brasileira #travel #traveltiktok #travelbucketlist #praia #beautifuldestinations #rio #riodejaneiro

♬ Download TripBFF - izzy - solo travel ✈️

Истото и во Америка. Доволно е да пребарате на ТикТок како да се подготвите за на плажа. Сите од дома со мали фрижидерчиња, полни со пијалаци, грицки, овошје и салати.

И, никој тоа не го нарекува патлиџан туризам или немање култура! Туку е нешто сосема нормално.

@jussayah

Beach day w/the kids! #beach #beachday #kids #fun #funday

♬ original sound - DIY & Design | Lindsay Dean

На Карибите малку поразлично - плажите се поделени, или се слободни или со барови, но сепак лежалките не се толку блиску едни до други. Така што може секој да си го одбере начинот на уживање.

@lady__dc

Beautiful Bridgetown 🇧🇧 #barbados #bridgetown #traveltiktok #bridgetownbarbados #beachlife

♬ SNAP - High and Fast - Rosa Linn

И слободните зони од плажите се оние поубавите, со почиста вода, поубав пејзаж и многу палми, за разлика од јадранското крајбрежје каде најубавите места се најчесто и најскапи, па ако се одлучиш за свој пешкир, ќе мора да го ставиш меѓу камења, некаде на крајот на плажата.

И барајќи повеќе на темата за овој балкански феномен, прочитав дека терминот „патлиџан туризам“ настанал во 80-тите, посебно за Србите кои летувале во Грција.

Во тој комунистички период, најчесто се летувало во хотели и кампови обезбедени од фабриките, па само оние со подобри финансии можеле да летуваат во Грција, посебно на плажите во близина на Солун.

Тоа било и шопинг и летување, бидејќи во Југославија немало многу можности за купување на познати марки, производи и облека. Па, после шопингот оделе во апартманите близу плажите. Готвеле во малите кујни, па ручекот го носеле со себе на плажа.

А, балкански ручек не може без салата, па оттаму и терминот „патлиџан туризам“, што нема никаква релација со модерно сфаќање на овој летен феномен.

Во српските туристички агенции, пак, се вели дека „патлиџан туризам“ е за оние туристи кои се одлучуваат за одмор на крај сезона, од дома тргаат со вреќи пипер и домати и ја користат струјата во апартманите да си направат зимница.

Велат дека тие туристи се срам за агенциите, бидејќи многу грчки сопственици на апартмани ги откажуваат договорите. И да бидам искрена, да, ова толкување на патлиџан туризмот е вистински срам!

@locoify

#paradajz #turist #croatia #bosnian #balkan #sea #more #odmor #hrvatska #makarska #tucepi #podgora #zivogosce #plaza #ljeto #imadamoze 🤌🏻😘♥️

♬ Police Car Siren - Merrick Lowell

Во последниве години, патлиџан туристите се синоним за немање доволно финансии за „прав одмор“ со трошење по стотици евра на ден во барови и ресторани, па и затоа има навреди во стилот - „ако немаш пари, седи си дома“.

Премногу се замараме со другите и што тие прават, како се облекуваат, како и каде летуваат, наместо да уживаме во момент. За некој - момент на хедонизам и удобна лежалка и леден коктел, за друг - пешкир на плажа и ручек од дома во круг на семејството, трети сакаат ресорти со пет ѕвездички, а други пак авантури со шатор!

Не е важно што јадеш на плажа, важно е што можеш на неколку дена да релаксираш на морскиот брег, да ги наполниш батериите и да уживаш под сонцето.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg