Расправии околу имотот, преселби во странство, разделени родители - Семејните кавги го уништија топлиот фамилијарен ручек

Дали некогаш браќа ќе престанат да се караат поради тестаментите со наследство и финансиите? До кога ќе гледаме како сестри не сакаат „очи да си видат“ бидејќи не можат да се договорат која ќе ѝ купи лекови на нивната стара мајка? Зарем и понатаму ќе живееме во време каде одлуката на родителите да се разделат го разделува целото семејство? А што е со солзите на бабите и дедовците кои мораат преку социјалните мрежи да си ги гледаат внучињата бидејќи се илјадници километри далеку од нив?

semejnite-raspravii-i-razdelbi-go-upropastija-familijarniot-rucek-01.jpg

Јадеме во порцелански чинии, но леб и солзи. Го постиламе скапиот чаршаф, но тој е изгужван поради празната трпеза.

Ги броиме трошките направени од лебот и се сеќаваме на деновите кога бевме сите заедно на број. Кога ја кревавме чашата со вино и наздравуваме, кога си раскажуваме како ни поминал денот.

А денес, денес единствено го чекаме десертот по ручекот на мајка ми. Но, некако ми има горчлив вкус. Изгледа така е поради тоа што ги гледам моите родители како копнеат по своите други деца кои се одамна иселени далеку од дома.

semejnite-raspravii-i-razdelbi-go-upropastija-familijarniot-rucek-02.jpg

Сервисот за ручање го изгубил сјајот. Не постои ни еден детергент или волшебен прашок што може да го „светне“ како претходно.

Дали знаете зошто се случува ова?

Живееме во време во кое, за жал, сè повеќе како кула од карти се руши топлиот семеен дом поради расправиите околу имотот, заминувањето на децата во странство, разделбите помеѓу родителите и што ли уште не.

semejnite-raspravii-i-razdelbi-go-upropastija-familijarniot-rucek-03.jpg

Дали некогаш браќата ќе престанат да се караат поради тестаментите со наследство и финансиите?

До кога ќе гледаме како сестри не сакаат „очи да си видат“ бидејќи не можат да се договорат која ќе ѝ купи лекови на нивната стара мајка?

Зарем уште ќе живееме во време каде одлуката на родителите да се разделат го разделува целото семејство?

А што е со солзите на бабите и дедовците кои мораат преку социјалните мрежи да си ги гледаат внучињата бидејќи се илјадници километри далеку од нив?

Децата кои се отидени на работа или на студии во странство постојано ќе недостигаат на фамилијарниот ручек.

Пукнал порцеланскиот сервис за супа. Скапиот сервис за ручање ’рѓосал бидејќи трпезата во домот на едно семејство веќе нема никогаш да биде онаа истата. А и ќе нема кои детски раце да го извалкаат скапиот чаршаф.

semejnite-raspravii-i-razdelbi-go-upropastija-familijarniot-rucek-04.jpg

Можеби пишувам со доза на иронија, но и ова што ни се случува е иронија.

Не рекле попусто дека семејството не е дефинирано само по презимето и крвта, туку тоа е дефиниција на посветеноста и љубовта.

Ова значи дека секогаш треба да бидеме на нашето место на трпезата. Ова значи да се грижиме еден за друг. Ова значи да се сакаме дури и во оние денови кога не можеме да се поднесеме. Ова значи никогаш да не се откажуваме едни од други.

semejnite-raspravii-i-razdelbi-go-upropastija-familijarniot-rucek-05.jpg

Секоја секунда помината во нашето семејство е бесценета. Да, семејството е можеби малку лудо, некогаш гласно, но секогаш е полно со љубов.

Семејството заеднички го расте семејното стебло.

Како гранки на дрво сите растеме во различни насоки, но нашите корења остануваат едно и на едно место – на семејната трпеза.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
Секој маж треба да се „разведе“ од својата мајката пред да се ожени... Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg