„Кога бев студент - пиевме кафе во Мавровка, приемните беа кошмар, а одевме на забави во Стив, Гоце и Пелагонија со вотка за 30 денари“

Првата 10-ка никогаш не се заборава, тоа е таа гордост и мотивација. Во моите студентски денови, имаше кафуле во „Мавровка“ кое ги честеше кафе сите студенти кои ќе покажеа 10-ка во индексот. Легендарни ќе останат и забавите во студентските домови Стив, Гоце и Пелагонија со чаша вино од 20 денари и вотка од 30 денари. Колку пати ли само одевме на кафе кај колешките во студентските домови, а завршуваме на забава без повод и причина?

studentite-nekogash-i-sega-primenite-ispiti-nokjna-mora-kupuvanje-na-seminarski-i-mnogu-studentski-zabavi-01.jpg

Студентски живот, тие четири години, за многумина се најдобрите од животот.

Учење за она што би било нашата идна професија, многу непроспиени ноќи, што од учење, што од журкање, селење во нов град, нов дом или интернат, нов предизвик. Секако, и многу падови, но од тие и се учи за животот. По некоја солза за паднат испит, барање скрипти низ книжарниците низ цел град, со часови во библиотеки и читалници, чекање на резултатите од испитите и молење „да му биде денот“ на професорот и да не нè „бутне“.

А првата 10-ка никогаш не се заборава, тоа е таа гордост и мотивација. Во моите студентски денови, имаше кафуле во „Мавровка“ кое ги честеше кафе сите студенти кои ќе покажеа 10-ка во индексот.

Порано гордост било да се биде студент

Студент, некогаш, било чест и гордост да се носи оваа титула! Било најголема привилегија да се биде академски граѓанин, да се имаат можност да се учи, да се добие диплома, а со тоа и подобра иднина.

Многумина порано сонувале да учат, да завршат факултет, но таа реалност била резервирана само за децата од повисоката класа, синови и ќерки на доктори, директори и професори. А децата на работниците, само ја следеле истата судбина како и родителите, вработувајќи се во многу фабрики. Чест на исклучоци.

Но, како што се менувало времето, така и вратите на факултетите се отвориле за сите кои имале желба да учат. Но, не било лесно да се здобие таа ценета титула „студент“, за неа се работело и учело.

Студентите биле цените од целото општество, имало попусти за оние кои имале студентски книшки, бесплатен автобус или воз, а тие студените, учеле за да не ја изгубат таа привилегија.

Порано се учело со желба да се научи, да се добие висок просек, а не како денес, „само колку да се исчисти семестар“.

Се одржувале „студентски игри“ и Олимпијади на ниво на цела Југославија, кои биле вистински предизвик на сите студенти. Како и студентски акции, дружење без граници.

Но, порано вистински се учело, се посветувало внимание на предавањата, се почитувале професорите и нивното знаење и авторитет, а денес, имаме многу „вечити студенти“ и оние кои се откажуваат по само еден семестар.

Приемните испити – ноќен кошмар за идните бруцоши

Сега се полага државна матура и приеми само на факултетите со уметнички правец, но порано, приемните испитите за факултети биле вистински кошмар за идните студените.

Со месеци се собирале материјали, книги, се учело по цели ноќи, дури и се ангажирале професори за екстра часови и знаење, само да се загарантира добра оценка на испитот, а со тоа и примање на саканиот факултет.

Мојата генерација, која се запиша на факултет во 2007 година, помина без примени испити и без полагање на државна матура, па може да се каже „со лесно си поминавме“.

Но, се сеќавам колку сестра ми учеше за приемниот испит на Факултетот по историја и археологија неколку години предходно. Цело лето го помина над книгите по историја и латински јазик, а јас не смеев ни да „писнам“ по дома за да не ја деконцентрирам.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg