Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе

Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да направите е да го разбудите тоа 15-годишно девојче кое сакало да лизга на мраз секоја зима...

zhivotot-mozhe-da-pochne-i-po-40-tata-ako-go-razbudite-deteto-vo-sebe-01_copy_copy.jpg

Ова е прекрасен потсетник дека клучот за подобар живот се крие во секој од нас. Важно е да го пронајдете и да го разбудите детето во себе.

Имав 17 години, а мајка ми речиси 40. Во тоа време само што почнавме да градиме пријателски односи. Не затоа што претходно се каравме. Повеќе поради класичниот модел „мајка-дете“, со сите хиерархии, заштита и забрани. И така почнавме да влегуваме во однос во кој двете сме „еднакви“.

Во тоа време таа беше, како да кажам... уморна. Секој обид да ја кренам, да ја мотивирам, да ја охрабрам, да се забавуваме „како млади“, наидуваше на болен одговор: „Каде да одам на мои години? Само што дојдов од работа, оставете ме на мир“.

Изгледаше како некогаш да имала животен план што веќе го исполнила, а сега останува само да се придржува до распоредот кој бил формиран во текот на многуте изминати години.

И така, еден ден, без многу надеж, ѝ велам: „Ајде да одиме на лизгање“.

Искрено, тоа го кажав без да очекувам никаква реакција освен саркастична насмевка. Но, очите ѝ светнаа: „Да, ајде!“.

Не знаев дека во дворот каде што пораснала, секоја зима граделе лизгалиште, а таа многу сакала да лизга. Но, последен пат тоа го направила пред 20 години.

zhivotot-mozhe-da-pochne-i-po-40-tata-ako-go-razbudite-deteto-vo-sebe-04.jpg

Додека ги врзувавме лизгалките, сè уште мислев дека се шегува со мене и дека во секој момент ќе рече: „Па што мислиш, дали навистина веруваш во ова? На моја возраст - лизгање на мраз?“.

Јас прва застанав на мразот, ја грабнав оградата и ѝ довикнав преку рамото: „Фати се, полека. Ако паднеш, не е страшно. Најважно е ако се ‘испружиш’ да внимаваш никој да не ти ги отсече прстите“.

Освен што, мама веќе не ми беше зад грб. Додека јас херојски ги поминував првите неколку метри мраз, таа успеа да сврти цели круг и да се врати кај мене. И потоа повторно. И повторно. И така еден час. А, и потоа веќе не беше уморна.

Во тоа време не знаеше дека во следните 10 години ќе ја смени работата неколкупати, дека ќе ги открие Фејсбук и апликациите за онлајн запознавање, дека ќе се разведе, ќе се премажи, дека ќе изгуби многу килограми, дека ќе си дозволи да купува одлична облека и ќе оди на маникир, ќе почне да ми праќа мемиња и ќе се шегува на мене поради моето кукање.

Сакам да кажам, животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да направите е да го разбудите тоа 15-годишно девојче кое сакало да лизга на мраз секоја зима.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg