Мамо, гушкај ме почесто, те молам

Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнувај. Кога ќе пораснам, ќе верувам во себе и ќе можам да ги поддржувам другите.

mamo-gushkaj-e-pochesto-te-molam-01.jpg

Мамо, покажи ми дека секогаш можам да разговарам со тебе. A кога ќе пораснам, ќе можам да им верувам на луѓето.

Мамо, не ми забранувај да плачам, да се лутам, да бидам тажна и да се радувам. Зборувај ми за чувствата. А кога ќе пораснам, ќе се разберам себеси и ќе знам дека сè е во ред со мене.

Мамо, забележи што ми се случува. Ќе пораснам и ќе можам емотивно да бидам блиска со други луѓе.

Мамо, помогни ми кога ме тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнувај. Кога ќе пораснам, ќе верувам во себе и ќе можам да ги поддржувам другите.

Мамо, прашај ме што сакам и што ми треба. И кога ќе пораснам, ќе можам да ги разберам моите вистински желби.

Мамо, дај ми слобода, не ме контролирај цело време. А кога ќе пораснам, ќе станам одговорна личност.

Мамо, не брзај да ме направиш возрасна личност, остави ме да бидам дете, да бидам слаба и беспомошна. Еден ден ќе станам самостојна и независна.

Мамо, само сакај ме. А кога ќе пораснам, ќе се чувствувам дека вредам.

Мамо, остани со мене додека сум дете. А кога ќе пораснам, нема да патам од осаменост.

И уште нешто. Мамо, гушкај ме што почесто, те молам.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg