Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“

„Идол ми е мама. Цел живот го ризикуваше за да ни овозможи да сме тоа што сме со брат ми: единствени, искрени до бол, брливи, скромни и полни со љубов“ - вели Васил Гарванлиев, кој се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-01.jpg

Васил Гарванлиев за себе вели дека е мирен човек кој се степал само двапати во животот - еднаш со брат му, вториот пат кога бил многу испровоциран.

Иако ужива во животот во Чикаго, каде што се пресели пред неколку години, не крие дека му недостига родната Струмица и луѓето со кои се дружи и преку 20 години.

Затоа, следната година ќе дојде во Македонија, а овојпат со него ќе биде и сопругот Џејсон.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-11_copy.jpg

Што друго ни откри - за најголемата беља што ја направил, зошто учителка во средно му советувала да не биде „бубалица“ и колку миленици има, прочитајте во нашиот лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Васил Гарванлиев, а имам неколку прекари. За мама сум Василчето, со најблиските пријатели во Македонија сите сме Буби, Доде, Цоне или Цуци, а ако сме скарани или треба нешто официјално да се каже тогаш сум: „Љубицеее!“

Надвор од Македонија сум или V или Vas.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Ќе наполнам 40 овој ноември, а роден сум на 02.11.1984. Во хороскоп сум Скорпија со Вага подзнак и Водолија во месечина.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Уф, најлесно, а најтешко прашање.

Од моите, тоа е „Желба од срце“, испеана на Калинка 1994. Таа песна ми го води цел живот.

Caruso ми е омилена песна и тоа изведбата на Лара Фабијан во живо со Дејвид Фостер.

Моментално на рипит ми е Софи Такер.

Омилен глас - младата Витни.

Македонски гласови: Тамара Тодевска и Никола Бадев.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-08.jpg

4. А омилена книга?

„40 правила на љубовта“ - Ечиф Шафак

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Џесика Ланг, Рејф Фајнс, Spoiler Alert од поновите, Devil Wears Prada, True Blood, White Louts (втората сезона), Last of Us, RuPaul.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Немам, ама преку брат ми навивам за AC Milan.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-10.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Неколку. Во Чикаго ги имаме Есми & Тина, кои се лабрадори. Целите имиња во пасош им се Dutchess Esmeralda Rose и Lady Christina Crawford.

Во Струмица само што го изгубивме Џегер, по прекрасни 14 години. Беше 98kg бело пиринејско куче, но ја имаме Ники - лоша 18-годишна црнобела маца.

8. Кој ти е среќен број?

8 и 2. Верувам и следам нумерологија - јас сум 8-ка и 2-ка.

02 = 2, 11 = 1+1 = 2, 1984 = 1+9+8+4 = 22

2+2+2+2 = 8

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум и сум толку горд и благодарен што сонот секој ден повеќе и повеќе ми се остварува.

Сакав да бидам универзален пејач на широка светска платформа и да ја споделам мојата приказна и татковина со/преку мојот глас. Малку клише, ама 100% искрено.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-05.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Вода, водка и скоч. А од храна - мусаката на Џејсон (ја надмина на мама), тајландска, индиска и италијанска.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам неколку. Џејсон од 2021 година, Во Македонија Јелмаз или Џели од 2017, а во Чикаго Лиз и Џозефина ми се другарки од средно и се дружиме веќе 25 години, од 1999-та.

Во Лондон тоа се Цоне и Цуци (од 2004 и 2018). Торонто е за Криста, Лиса, Бруно и Џоче, сите пријатели веќе 20 години, од 2004-та.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Сите 5-ки, додека учителка во средно школо не ме тргна на страна за да ми каже: ‘Ако сакаш да си профи пејач не мораш толку многу фокус да му даваш на школото - негувај го гласот“.

Инаку, биологија ми беше фаворит.

На факултет завршив со почести, а омилен предмет ми беше германски јазик поради легендарната Фрау Браун.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg