Живеам во нова зграда во Скопје - инвеститорот не ни ги исполни половина ветувања, а веќе не крева и телефон

Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да се глетуваат и лифтови кои се тресат и се молите денес да ви е среќен ден и да не се заглавите. Но, кога се пожалив за ова кај другарките, нивната листа на поплаки од зградите кај што живеат беше уште подолга. Какво искуство имате вие?

zhiveam-vo-nova-zgrada-vo-skopje-investitorot-ne-ni-gi-ispolni-polovina-vetuvanja-a-vekje-ne-kreva-i-telefon-01.jpg

Живеам во нова зграда во Скопје и убава е, не дека не... Но, е далеку од презентацијата која ја добивме за неа додека беше во фаза на градба кога го уплативме станот.

Ни ја „продадоа“ како луксуз, а добивме просечност, па ни толку.

Уште на самиот влез во зградата од ветување за лоби по светски терк со огледала, фотелји и што уште не, ни сервираа тажен, празен простор.

Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да се глетуваат поради нерамнините по нив, тераса без цокле од која им тече вода на соседите, клими поставени кој како знаел и умеел, без претходно предвидени и поставени корпи за надворешните единици, врата од станот која нема никаква звучна изолација кон ходникот, лифтови кои се тресат и во кои влегувате и се молите денес да ви е среќен ден и да не се заглавите.

Потоа, во разговор на тема станови со другарките, ми велат „Ех, што се жалиш, па кај нас е и полошо“....

И кога слушнав што сè им било сервирано сфатив дека ситуацијата секаде е иста.

zhiveam-vo-nova-zgrada-vo-skopje-investitorot-ne-ni-gi-ispolni-polovina-vetuvanja-a-vekje-ne-kreva-i-telefon-02.jpg

Едната ми вели: „Kај нас ужасно е испланиран, односно неиспланиран, просторот за паркинг. Има недостиг од паркинг места и е константен хаос, тргнуваш на работа и се молиш некој од соседите да не те блокирал“.

Друга ми вели: „Проблеми? Ехеее, се мислам кој ден да отидам до кај соседите и да им го искарам детето затоа што не сака да учи математика, а јас секој ден мора да слушам како родителите врескаат по него поради тоа... Ѕидовите ни се буквално како од хартија, а соседите ги слушам апсолутно сè, како да си живееме заедно, дури и кој кога се тушира и кој кога има секс“.

Трета ми вели: „Секое утро тргнувањето на работа е борба за лифт. Мислам дека треба да тргнам 10 минути порано само во име на чекањето лифт кај мене во зграда. Има само еден лифт во зграда со 7 ката и со многу станови на кат и буквално не знам како се сетиле да штедат баш на ставањето втор лифт, нешто што е најнеопходно на свет“.

Потоа слушам и други маки од типот колку им бил тесен пристапот за во гаражата, па си го чукале автомобилот, колку била лоша вентилацијата, па цел стан им мирисал на кромид кога сосетката си правела запршка за манџата, како ѕидовите им биле криви, на терасите им врнело дожд и што уште не.

Изгледа ветувањата во Македонија не вредат ништо, замислите се рушат како кула од карти, а купувањето на дом со нашите макотрпно заработени пари е буквално „мачка во вреќа“.

Е па, кој планира да купува стан наскоро, среќно!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава