„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар за сè

Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се соочиле со загуби, болести, трагедии кои можеби се испишале на нивното лице. Дел од нив потешко работеле од вас во животот или немале среќа да им се погоди дете со мирен темперамент, како вашето.

lele-vidi-ama-se-tetkosala-vo-makedonija-chovek-kako-da-ne-smee-da-ostari-sekoj-ima-komentar-za-se-01.jpg

Седам со една другарка од генерација, учевме заедно во една скопска гимназија, и ми вели: „Леле, ја виде ли Елена (името е измислено) од клас колку остарела, како тетка станала“...

И на момент климам со глава и веднаш ми паѓа на ум... Па, имаме 35 години, нормално е да не изгледаме како кога имавме 17 и ние сме многу променети само што постојано се гледаме, па не забележуваме.

Елена ја немавме видено 5 години и нормално е нејзината промена да ни е „поупадлива“ во очи.

Сите имаме некоја брчка плус или можеби седо влакно, но тоа е толку природен процес што не гледам ништо страшно.

Сосема е во ред да се старее. Всушност, дај боже да ја имаме привилегијата да остареме и да доживееме длабока старост, со лице толку збрчкано што ќе раскажува колку гласно и од срце сме се смееле во текот на животот (не размислувајќи дали тоа ќе ни предизвика брчки плус), но и ќе раскаже некоја животна тага – да, и тие се составен дел од животот.

И ве молам не судете им на луѓето според изгледот. Дел од нив верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се соочиле со загуби, болести, трагедии кои можеби се испишале на нивното лице.

Дел од нив потешко работеле од вас во животот или немале среќа да им се погоди дете со мирен темперамент, како вашето.

Дел од нив многу страдале по загубата на татко си или по преселбата на брата си во странство.

Дел од нив се одлучиле на печалба, па страдале за родното огниште, дел, за жал, избрале партнер кој ги злоупотребувал емоционално, па дури и физички.

И што уште не... Убаво велат животот пишува романи.

Затоа престанете да коментирате за сè и секого, да судите според кориците и да се поставувате како некој си кадија.

Првенствено не сте реални во врска со својот изглед. Тоа што сте облекле патики и дуксер на 35, не значи дека прави да изгледате како 17, или пак тоа што сте инвестирале во естетска корекција, па сега мислите дека ќе ве измешаат со братучетка ви која штотуку се запиша на факултет, не значи дека е вистина така.

Второ, и да сте наградени со добра генетика, не значи дека тоа треба да им го набивате на другите на нос.

Трето, младоликоста не значи по автоматизам добар и привлечен изглед, убава жена може да биде убава на која било возраст, веќе имаме тон докази дека некои жени едноставно имаат безвременска убавина, па и со сите тие траги од животот на лицето и телото се многу попривлечни од двојно помлади девојки.

Дај Боже сите да имаме привилегија да се теткосаме, па и бабосаме во животот.

Нели е така?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога? Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава