Александар Белов за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж, во глава си пеев 'еден бакнеж и магија се стори'“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Татко ми е бивши тапанар, па кога ја посетив метеоролошката станица во Демир Капија очигледно сум мислел дека топломерите се палките за удирање и дел од нив ги уништив.
После си го добив заслуженото, но што е тука е.
17. Дали некогаш си се степал?
Никогаш и тоа е нешто што не верувам дека ќе се случи.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Е сега се замислив. Мислам дека ако ја кажам искрено, веќе нема да биде тајна.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во деведесеттите дефинитивно, во времето без интернет, мобилни телефони и без 356 ТВ канали.
Тоа е тоа време кое би сакал да се врати, макар и на една недела.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Би сакал повеќе слободно време, денот да трае бар 32 час.
Се шегувам, но искрено, ако ми е нешто потребно во последно време - тоа е време.
Сè останато моментално имам, не сум некој што посакува од пиле млеко.
21. Од што се плашиш?
Од змии и стршлени.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Она правата прва симпатија од градинка не знам ни како се вика ни каде живее.
Знам дека уште тогаш се пресели во Србија, но баш не знам ништо за неа.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Јас не сум некој што откачува во кафеана, можеби затоа што имам друга улога таму.
Имам доста омилени песни, но не паѓам во несвест, бар не за сега.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На плејстешн и на микрофон.

25. Кое е најубавото место на светот?
Мене ми е секаде коректно и убаво каде што ќе одлучам да патувам. Дома ми е најубаво, а секое место е совршено ако мојата фамилија е со мене.
Верувам дека каде и да патувам и да бидам, убавината се подразбира ако моите девојки се со мене - мислам на сопругата и ќерка ми.
А, ако треба да се вратам негде, тоа би било во Ница, Франција.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Искрено не се сеќавам. Мене само озбилни комплименти ми делат.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Се каам што по завршувањето на Операција триумф се уплашив од продукцијата и договорот со продукциската куќа, па ја испуштив правата станица за успех, што поради нив не ги искористив моите 5 минути.
Но како е така е, да не беа тие, сега ни овој лексикон немаше да го одговарам можеби. Сè што се случува така требало да биде.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Ха, ха, ха, Боже само да не се обрукам аха, ха. Помина и тоа, па си пеев во главата ‘Еден бакнеж и магија се стори’.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Не сум бил срамежлив дечко, не би се занимавал со музика и со јавна професија да сум бил таков.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Александар: За кои 3 песни што не победиле на Скопски фестивал ви е криво што не нè претставувале на Евровизија?
CRNOBELO.com: Не се 3, има многу, ама, ако мора, би ја одвоиле „Тешко без тебе“, која ја испеа Тамара Тодевска во 2013 година.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
