Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“
- Детали
- петок, 15 август 2025
„Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм“, напиша Чарна Невзати во лексиконот на CRNOBELO.com.

Чарна Невзати (20), Македонката која неодамна нè претставуваше на изборот Мис на светот 2025, за себе вели дека како дете сакала да биде актерка.
Ако, пак, треба да избере кој лик од цртаните филмови би сакала да биде, тогаш е навистина неодлучна - вели, кој било од цртаните за Барби.
Обожава математика, има двајца најдобри другари уште од средно, кои ѝ се вистинска подршка, а идол ѝ е мајка и Кери, која е познат кореограф.

За најчудниот комплимент што го добила, првиот бакнеж, но и првиот симпатија, Чарна се потпиша во нашиот лексикон:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Чарна. И искрено, не ми треба прекар - доволно е ретко да остане само тоа.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
20, родена на 01.02.2005. Водолија, а во подзнак Овен.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Сите песни и жанрови ги сакам и слушам! Моментално омилена ми е I Adore You od HUGEL x Topic x Arash feat. Daecolm.
Ги сакам и Massive Attack, The Weeknd, Frank Sinatra, Coldplay…

4. А омилена книга?
„Странецот“ од Алберт Ками, затоа што малку луѓе се доволно храбри да си признаат колку често се чувствуваат како него.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Ал Пачино, Натали Портман.
Филм: Black Swan, а кога сакам акција - Anna.
Серија: Dr. House - заради добриот дијалог и циничниот хумор.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не сум спортски фанатик, ама секогаш навивам за посветеност и карактер.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Да, Јоркшир териер по име Чарли - мал, тврдоглав и многу симпатичен.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
„Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина!“
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Глумица. Очигледно отсекогаш ми се допаѓала сцената.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Цедевита, класика. А храна, кинеска, затоа што хаосот од вкусови е терапија.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Михаел и Дамјан од средно. За мене многу важни, вистински другари и, секако, голема поддршка.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Сериозна, одговорна, но, исто така, многу сакав да ја кревам атмосферата и да се шегувам на часови.
Математика ми беше омилен предмет - логиката и бројките ми лежат.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мајка ми, иако е позната. Сè што сакам да бидам, ама на свој начин.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Било кој лик од Барби филмовите, не можам да изберам!
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Minecraft и GTA - градење и хаос, идеална рамнотежа.

