Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Ништо спектакуларно. Бев и сум прилично мирна.
17. Дали некогаш си се степала?
Вербално, да.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Ако ви ја кажам, веќе не е тајна.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
18-ти век, рококо и барок.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Трпение. Барем малку повеќе од сега.
21. Од што се плашиш?
Од неуспех и самотија.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Не знам, и не сум љубопитна.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Не одам воопшто во кафеани, но во иднина би сакала.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Сите што ми донеле искуство, мир и радост.

25. Кое е најубавото место на светот?
Таму каде што ми е убаво/дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
„Изгледаш како да јадеш кавијар секој ден за доручек“.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
За сега, ништо конкретно. Сè ми било лекција.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Па добро… не беше баш филмска сцена.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Не се срамев.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Чарна: Како успевате да натерате луѓе да ги одговорат сите 30 прашања - и да не сакаат да завршат?
CRNOBELO.com:
Ако ти кажеме, веќе нема да е тајна (ха-ха).

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
