„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми одѕвонуваат
А само неколку недели пред тоа се смеевме на промоцијата на „Игри без граници“.
Хотелот каде што беше промоцијата на албумот беше премал за сите што дојдоа да го испочитуваат, да ги слушнат новите песни.
Но, Тоше секогаш имаше некој посебен однос со новинарите.
Од некоја причина, никогаш не бегаше од нас, баш напротив.

И таму, во толпата луѓе, нè најде, мене и неколку колешки.
„Ајде, ќе си позборуваме за албумот? Ги слушате песните? Ви се допаѓаат?“ - нè праша.

Па откако се фотнавме, остана да одговори на неколку прашања, а потоа, насмеан си замина.
Тогаш првпат ги слушнавме „Цреша“, „Боже чувај ја од зло“, „Игри без граници“.
Првпат ги слушнавме песните кои и денес ги слушам со голем мерак.

И колку и да звучи смешно, или патетично, слушајќи ги песните, неговиот глас, понекогаш имам чувство дека е и понатаму тука, меѓу нас, дека еден ден ќе се јави Симона или некој од неговиот тим да каже дека ќе има нов прес, нова песна, нов концерт, ново дружење...
Но, додека спомените за него се живи, и Тоше ќе биде жив, за сите што го сакаа и почитуваа.

Прочитајте и „Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - затоа беше голем“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива
