Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене и брат ми“
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
„Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете работи на кои особено се гордеам сега. Верата и презимето“ - напиша Тијана Скулиќ во нашиот лексикон.

Тијана Скулиќ важи за една од најнасмеаните личности кои може да ги следите на Инстаграм. Со своите забавни, креативни видеа може да „ве купи“ на прва.
А се чини, таква е и приватно.
Овој пат, Тијана се потпиша во нашиот лексикон, па ни откри кој ѝ бил прв симпатија, што си помислила по првиот бакнеж во животот, какви сè бељи правела, но и колку често знае да се степа.

Прочитајте што ни напиша таа:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Тијана Скулиќ - Тики.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Заокружени 30, родена на 03.10.1995, во хороскоп Вага.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Пеги Гу дефинитивно - сите, од Оливер Драгојевиќ до Доли Партон.

4. А омилена книга?
Во последно време сè од книги е врзано за камери и техника.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Бред Пит, Софија Вергара, филм: I Оrigins, серија: Grizelda или Queen of Ѕouth.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Спорт - тенис, голем обожавател сум на Ноле и Lacoste.
Jас сум центарско дете и нормално дека омилен клуб е Работнички.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Кутре мало бело малтезерче. Беба е мое куче, ако сите мислат дека е на Миа.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
„Тики, може ли да се видиме, многу ми треба позитива“.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Имав идеи да бидам архитект дур не се фатив за камера.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Вино дефинитивно, морска храна и секогаш бифтек.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Од најдобрите другари сите излегоа од игра, остана Фросина, моја другарка веќе 14-та година.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Снаодлив, исполнителен ама прв за белја. Инаку одлична во просек.
Омилени предмети ми беа англиски и историја (ама веројатно дека ги врзувам со професорите).

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Идол ми е мајка ми, бидејќи по смртта на татко ми таа сама нè издигна мене и брат ми во ова што сме денеска. Поклон.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Јас сум класична Ѕвончица - сè ќе завршам со брзо прелетување низ светот и сосема сум задоволна кога другите ги правам среќни.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Јанино јанино и граница, по цели денови и ноќи.

