Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене и брат ми“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Да ви го дадам бројот од мајка ми и интервјуто да биде на 4 страници.
Скршен лакт, исечена нога, двапати скршен нос и многу лузни, али сè е тоа школо.
17. Дали некогаш си се степала?
Ја баравте мајка ми? Или сè ја треба да кажам, ха, ха? Многупати, али не по моја кривица.
Секогаш сум на страната на мирните и на оние кои им прават нешто, а јас ги бранам.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Ги прашав сите... но немаат одговор.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Малку ги живеев и пресреќна сум што ги имав ‘90-тите . Безгрижност, улица и многу поразлично од денес.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Сè што имам денес, сум сакала да имам. Не сакам ништо повеќе од ова.
21. Од што се плашиш?
Од емотивна загуба на блиски, болест и сè што не е во моја моќ.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Прв симпатија е еден дечко од основно, моментално оженет со дете.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Суада“, заради тоа што мајка ми се вика така.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
До скоро имав поинакво мислење, но сега, од оваа перспектива, дефинитивно патување со оние кои што ги сакаш, добар ручек со пријатели и инвестиција во сам себе.

25. Кое е најубавото место на светот?
Ако треба да летам со авион тогаш е Малдиви, ако не, тоа е дома, каминот, масата во трпезарија, Миа и моите луѓе.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Не се сеќавам на такво нешто.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Премногу им дадов време на луѓе коишто ме влечеа кон дното.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Ништо посебно. Ми беше многу смешно, се смеев ко улава ха, ха, ха.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од презимето и тоа дека сум муслиманка.
А тоа се двете работи на кои особено се гордеам сега. Верата и презимето.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Тијана: Од кај ти текна на мене и зошто баш јас?
CRNOBELO.com: Затоа што си позитивна - сакаш на кафе за да ни внесеш уште малку позитива во работниот ден?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
