Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на повраќање“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Нема да зборувам за тоа, сега имам деца. Но не сум направил многу големи бељи.
17. Дали некогаш си се степал?
Сум се степал, за жал, но повеќе не го практикувам тоа и не го препорачувам на никого.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Не знам, дека наочарите заборавам да ги избришам за да не ми се прљави, а најчасто ми се.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
На сите им кажувам дека моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поминати со моите братучеди и со целата фамилија.
Мислам дека кога би имал времеплов, би се вратил тогаш, на среќните денови со татко ми, мајка ми, целата фамилија и моите братучеди.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Искрено, не знам што. Сега, посакувам многу работи како сите и претежно сите тие се материјални, па не дозволам премногу да влијаат на мене.
Посакувам да ми се живи и здрави децата, сега за сега тоа го имам, и сакам така да остане.
21. Од што се плашиш?
Од висини. Уф, ужасно се плашам од висини.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Мислам дека Кристина ми беше првата симпатија во животот, ако не се лажам. Добра си е сега, мажена со деца.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Искрено, многу одамна не сум бил и не можам да дадам одговор на ова.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Сите пари што ги потрошам гледам да ми се добро потрошени, односно за глупости кои јас си ги сакам.
Најдобро потрошени пари можеби ми се за патувањето во Абиско, во Лапонија.

25. Кое е најубавото место на светот?
За мене најубавото место на светот е тоа каде што се луѓе што си ги сакам, тоа се жена ми, децата, пријателите, без разлика каде и да се наоѓам.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Низок си, ама згоден си.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Требаше да се заминам од една работна позиција многу порано во животот и да си ја бркам сам среќата.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Искрено, ако ви кажам, нема да ми верувате.
Првиот бакнеж во животот ми беше со девојче во трето или четврто одделение, и ми пушти јазик и после тоа не спиев цела вечер, имав нагони за повраќање.
Што не значи дека сега нејќам да се лапам, да се разбереме, ха, ха.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Искрено, во детството од ништо не се срамев, дека дете како дете, не гледав зашто човек би имал од нешто да се срами.
Може потоа да се збори за тинејџерските денови кога малку ми беше незгодно зашто носам наочари кога почнаа сите мои другари да носат цвикери за сонце, а јас не можев да го направам тоа.
Тоа ми остана, не да се срамам, ама да ми биде глупаво.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Марко: Како не ви мрзеше да поставите 30 прашања?
CRNOBELO.com: Професионална деформација, едно ко ниедно, сè што е до 50 не е многу.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
