Бока Конга за CRNOBELO лексикон: „Бев во шок по првиот бакнеж“
- Детали
- петок, 03 април 2026
„Бев немирен ученик, сум скршил прозор со столче“ - напиша Бока Конга во нашиот лексикон.

За него велат дека е еден од најдобрите забавувачи кај нас и во регионот.
Кога ќе почне да чука на конгите, нема некој што може да остане мирен, да не почне да игра, да ужива во забавата. А Бока Конга тоа го прави уште од мал, иако прво свирел на патан, а дури потоа на конги.
Тој се потпиша во нашиот лексикон и ни откри работи за себе кои не ги споделува често јавно.
Прочитајте што напиша во лексиконот на CRNOBELO.com познатиот музичар:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Бојан Стојанов. Прекар ми е БокаКонга и одвоено, ха, ха, и така ме знаат скоро сите.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Во доцните триесетти, ха, ха. Роден сум на 26.06.1994, имам 31 година, во хороскоп сум Рак (голем емотивец сум).
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена песна е тешко да издвојам, ама можам да кажам дека премногу слушам екс-ју, латино и грчка музика.
Пејач ми е Балашевиќ, пејачка - Шакира.

4. А омилена книга?
Не сум класичен „книгољубец“, ама сакам книги што мотивираат и отвораат глава.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Искрено не сум тип кој седи пред телевизор, така што немам.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Фудбал. Навивам за Вардар и за добра игра, без разлика кој игра.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам англиски булдог веќе 10 години и се вика Ари. Скратено од "Аристон" бренд за бела техника, ха, ха.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
„Може ли како што свириш на конгите така да ми свириш и на задников?“ е доста честа порака.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Тоа што сум денес, музичар, артист успешен во своето. Немаше план Б.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак - џејмисон и текила или добро црвено вино. Храна - ЛЕБ и сè со леб.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам мал круг на луѓе што ги знам со години - вистинско пријателство не се брои во бројка, туку во доверба.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Просечен ученик, немирен. Омилен предмет - музичко.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојата мајка - поради работната етика, поддршката и истрајноста.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Пајо Паторот, бидејќи знам да го глумам неговиот глас.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Фудбал маало, жмурка и гробче, граница...

