Бока Конга за CRNOBELO лексикон: „Бев во шок по првиот бакнеж“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Скршен прозор со училишно столче.
17. Дали некогаш си се степал?
Да, како дете. Денес проблемите ги решавам со збор, не со тупаници.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека секогаш чукав ритам со прстите - буквално насекаде. Професионална деформација.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во безгрижното детство, кога сè беше игра.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Повеќе слободно време.
21. Од што се плашиш?
Од губење на луѓето што ги сакам.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Беше во основно училиште. Знам каде е, ама нека остане таму - во убав спомен.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На сè! Едноставно немам, на сите се забавувам баш, a откачувам дури и на балада.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На стабилност, музичка опрема и патувања.

25. Кое е најубавото место на светот?
Онаму каде што сум со луѓето што ги сакам.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
„Ти не свириш, ти тренираш публика“.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Искрено за ништо, сè се случува како треба да биде.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Не мислев, бев „у шок“.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Никогаш не научив што е срам дури и во детството не го знаев тоа.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Бока: До кога ќе нè враќате во детството со овие прашања - и зошто толку добро ви оди?
CRNOBELO.com: Прво, фала на пофалбата. Второ - сè додека не им ги поставиме овие или слични прашања што бидат носталгина на сите што сметаме дека имаат интересна приказна да ни раскажат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
