Роберт Јанков за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од родителска“
- Детали
- петок, 06 март 2026
„Во живо си повисок е најсмешниот комплимент што сум го добил“, напиша водителот Роберт Јанков во лексиконот на CRNOBELO.com.

Роберт Јанков со години е едно од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас.
Со него се будат многу генерации, му се јавуваат во емисијата во живо и споделуваат свои мислења на бројни теми.
А Роберт, пак, кога не е на телевизија, ужива во улогата на сопруг и татко и во нашиот лексикон напиша дека синот му е идол, но призна и дека се плаши од родителските на кои треба да оди.

Што друго интересно ни откри за себе Роберт преку нашиот лексикон, прочитајте во продолжение:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Роберт Јанков - Роби.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
31.03.1979 - Овен.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
There Is a Light That Never Goes Out, пејач Морисеј, пејачка Рошин Марфи.

4. А омилена книга?
„Небеска Тимјановна“ - Петре М. Андреевски.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Шон Пен, Адел Егзархопулос, Brave Heart, Mindhunter.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Фудбал, клуб Вардар, спортист Луис Назарио Роналдо. Навивам за Вардар, Вест Хем и Интер.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Куче, Мајли.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
„Ако не ме заследиш ќе се покаеш“.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Не пораснав.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Лазањи со бело вино.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам неколку, сите кој од кој.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Учев, не дека не, омилен предмет анатомија (во средно).

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Син ми.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Џери.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Сите што беа со топка, фудбал по цел ден игравме.

