Роберт Јанков за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од родителска“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Имаше бајаги, кој да ги памти.
17. Дали некогаш си се степал?
Да.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Гледање во облаци.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Детство, '90-ти.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Уште едно веце дома.
21. Од што се плашиш?
Од родителска.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Искрено не памтам.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На последната.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На добитен лото тикет.

25. Кое е најубавото место на светот?
Домот.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Во живо си повисок.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што во газиран сок ми ставаа лажица шеќер.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Може одма втор?
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од изгубена маалска утакмица
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Роберт: Ќе викнете на роденден?
CRNOBELO.com: Да! Поклон не мора да носиш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
