Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред мобилните телефони
Кога ќе се договоревте нешто - немаше откажување
Порано не постоеја изговори од типот „ќе се видиме“, а потоа да не се најдете.
Ако речевте „Се гледаме во 3 пред слаткарница“, во 3 требаше да сте таму.
Немаше ни мобилни за да испратите порака „Ќе доцнам 10 минути“.
Само стоевте, чекавте и се надевавте дека другиот не заборавил дека треба да дојде.

Библиотеките беа Google на нашето време
Кога пишувавте домашна не можевте да пребарате податоци на Google, туку мораше да одите во библиотека, да прелистувате книги и енциклопедии и рачно да запишувате сè.
Ова можеше да трае со часови.

Цртани филмови пред Дневникот
Цртаните филмови секоја вечер почнуваа во 19:15, немаше реприза или можност да го вратите.
Затоа, облекувањето пижами и седнувањето пред телевизорот во 19 часот беа вистински ритуал.
И се знаеше - се гледаше „Мечето Ушко“, па се одеше на спиење.

Dial-up интернет
Звукот додека модемот се поврзува со интернетот денес буди огромна носталгија.
Само, додека еден користеше интернет, друг дома не можеше да користи телефон.
Семејните расправии околу тоа кој „виси на нет“ беа честа појава, а интернетот се сметаше за вистински луксуз.

Здодевноста создаваше креативност
Кога луѓето не држеа мобилни во рацете по цел ден, мораа сами да си смислат забава.
А таа опфаќаше лежење во трева, гледање како се движат облаците, трчање без цел, измислување игри.
И сето тоа ја развиваше фантазијата, а таа правеше да бидеме креативни.

А. Ј. | Црнобело
