Брат, кај мене во фирма во Скопје е таква „калакурница“, а и „најмајкичката“ ете ја спие со колега

brat-kaj-mene-vo-firma-vo-skopje-e-takva-kalakurnica-a-i-najmajkichkata-ete-ja-spie-so-kolega-01.jpg

Брат, не сум ти јас ангел, ниту проповедник ама кога решив да се женам, си расчистив во главата.

Таа ми е, моја е, ќе си ја пазам.

Не дека брат не гледам женски, гледам. Не дека не ми е убаво кога ќе ме пофалат, јак сум бил, ваков сум бил, таков сум бил. Ама не би спиел со нив бре ни во лудило.

Би спиел јас ама да си правам „бајрам на паметот“, но во реалноста што ќе ми таков излет, од кој може и нема враќање.

Не бе, да ме зборат по град, па по фирма, за една вечер задоволство.

Знам јас, брак ти е досадна работа на моменти, ти станува рутина, и таа некогаш твојата најјака - сега дома поинаку ти личи. Се има обврски, се нема време за сè.

Ама, брат! Таа е таа твојата, таа е комплетниот пакет што на брак те натера да се решиш.

Што ќе ти луксуз за промени. Да, да настеганата колешка, 15 години помлада – топ е!

Ама и таа да роди, па да се заседне дома, па години да поминат, не како твојата – две крушки ќе стане во га*овите.

Ѝ гледам конституција уште од сега.

Батали тоа афери, па замарање чекај да не ме фатат, каде да ја носам.

Стар сум јас за тоа.

А гледам колегиве им се ризикува. Како тинејџери возбудени. Ете гледам по медиумиве како Џастин Трудо ја стиска Кети Пери одзади – е, токму такви!

Туку, ајде тие, нема оправдание. Ама ни очекувања од нив и се немало преголеми, реално.

Си се осеќа тоа.

Ама колешкивеее... Леле, таа една, најмајкичка во форма на ангел од жена. А бе 3 деца, сопругче, ние вака, ние така, на одмор строго на прв крак, вила веднаш до докторска ординација, па јавна осуда на сите што не стапуваат во брак, туку уште по диско им е паметот, е таа најмајкичката сега прва е во хотел Влахо, Лаки, не знам ти каде...

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg