Џастин Трудо како тинејџер - Ја гали Кети Пери по задникот на црвен тепих, ја гледа страсно
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
Поранешниот канадски премиер не може да се воздржи на црвениот тепих и ја допира Кети Пери по задникот, мислејќи дека никој не ги гледа.

Кети Пери (41) и Џастин Трудо (54) се веќе неколку месеци заедно, но првпат се појавија на црвен тепих и со тоа ја официјализираа врската пред медиумите.

Тие дојдоа на Tribeca Music Festival, каде што се одржа премиерата на концертниот филм на пејачката, насловен Katy Perry: The Lifetimes Tour - Live from Paris.

За премиерата таа избра долг бел фустан што ја следи линијата на телото, додека Трудо носеше елегантен костум.

И додека позираа на црвениот тепих, некогашниот канадски премиер почна да ја гали пејачката по задникот и да ја гледа страсно.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело