Од каде доаѓаат нашите болести? Од тоа што навреме не сме му кажале некому: „Доста, откачи се!“

Од каде доаѓаат нашите болести?
Од тоа што навреме не сме му кажале некому:
Oткачи се.
Од вечното разбирање за неразумните.
Од пријателствата што нè исцрпуваа.
Од љубовите што нè празнеа.
Од семејствата што не знаеја да сакаат.
Од вечното прилагодување.
Од животот на прсти.
Од извинувањето за сопственото постоење.
Од стравот да не повредиме некого —
додека самите се кршиме.
Од разговорите што моравме да ги водиме.
Од повиците што ги прифаќавме од чувство на вина.
Од тоа што останувавме таму каде што не ни беше местото.
Од тоа што мислевме
дека добрината значи молчење.

Од масите на кои немавме глас.
Од смеата што не беше наша.
Од тишината по понижувањето.
Од барањето вина во себе.
Од останувањето поради спомените.
Од зборови без дела.
Од каење без промена.
Од туѓите кризи што ги спасувавме.
Од потиснувањето на гневот.
Од криењето на разочарувањето.
Од задушувањето на вистината.
Од „што ќе речат луѓето“.
Од „не е ред“.
Од „не е време“.
Од понижувањето што го нарекувавме хумор.
Од грубоста што ја нарекувавме искреност.

Од одложувањето на сопствениот живот.
Од тоа што себеси се стававме на чекање.
Од чекањето некој да се промени.
Од надеж без основа.
Од навиката секогаш да бидеме силни.
Од забраната да бидеме искрени.
Од стравот да останеме сами.
Од стравот да бидеме слободни.
И телото сето тоа го памети.
И молчи.
И трпи.
Сè додека еден ден не рече:
Доста.
Зашто здравјето не доаѓа од лековите.
Доаѓа од границите.
Од вистината.
Од храброста.
Од мигот кога ќе научиш да кажеш:
Не.
Доста.
Oткачи се.
И ќе си заминеш.
За да останеш жив.
Тоа не е себичност,
туку спасување на сопствениот живот.