Лектира без мака

Некои родители решиле да им помогнат на своите деца и на кратко им ги раскажале потребните лектири за на училиште.

lektira-bez-maka-001.jpg

Убав начин за кратко време да ви стане јасно што се зборува во книгата.

Ромео и Јулија

Ромео и Јулија се жабари од Верона и се муваат. Меѓутоа, родителите им се многу заебани и не се сакаат воопшто затоа што се во истиот бизнис, но во различни екипи. Страв им е да не ги откријат и да не им го укинат џепарлакот и затоа се гледаат тајно. И така на 50 страни они нешто кријат, си кажуваат како се сакаат, а немаат секс. На крајот, упаѓаат во лош трип и се утепуваат.

Злосторство и казна

Некој студент е стално без пари зашто мора да плаќа стан, пошто се заебал и не добил место во студентски дом. Во една прилика е во “бед“, па улетува кај некоја баба, полна со пари ко брод и ја убива. После улетува во некоја фрка сам со себе, зашто се плаши дека цајканите ќе го провалат. Уствари тој и не бил некој криминалец, туку “пичкетина“ и на крај сам се пријавил во полиција.

Илијада

Таа Илијада трае ко гладна година. Водичот на една екипа ја ќарува рибата на водичот на другата екипа. После овој првиот излегува фаца и ги собира ортаците и ги опколува другиве. Али овие првите ќе го изедат, онака жестоко, зашто овие другиве се спремни ко јајца. После еден тип смислува кул фора за да ги зафркне овие другиве. И не им е битна женскана туку бизнисот што може да се зафркне заради настанатата фрка. За да покажат дека искулирале, одат и оставаат шлепер со цигари кај другата екипа, а во шлеперот сокриле дел од нивната екипа. Овие првиве мислеле дека ги зафркнале и почнале да слават. Кога се поднапиле и издрогирале, овие излегле од шлеперот и ги растурле како во Mortal Combat.

Војна и мир

Пред двеста години Французите идат во Москва. Доаѓа зима и Французите се смрзаваат. Книгата има милион страни и има некои жени, журки, се збори нешто цело време.

Процес

Типот го фаќаат без причина и го тупат низ цела книга и на крајот ќе го заебат до коска.

Нечиста крв

Тип се жени за постара жена. Тој провалува дека татко му ја чачка, и тотално му се крши филм. Цела книга е секс и толку.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg