Вистинска љубовна приказна

Приказна за вистинското значење на љубовта и фактот дека ништо не може да застане на патот на вистинската љубов.

vistinska-ljubovna-prikazna

Дечко и девојка се заљубиле еден во друг и уживале во заедничките моменти. Но, момчето доаѓало од сиромашно семејство и му требало доста време додека ги убеди нејзините родители дека е чесно и вредно за нивната ќерка. Откако го сторило тоа, се појавил уште еден проблем – дошла војната и го регрутирале на другата страна од светот, но една недела пред да оди се верил со девојката и решиле да се земат по една година – откако ќе си дојде.

Но, тогаш се случило нешто трагично. По само неколку дена откако заминало момчето, девојката имала голема несреќа во која се стекнала со големи повреди.

Кога се разбудила во болница, нејзините родители плачејќи и објасниле дека имала потрес на мозокот при што се повредил токму оној дел од мозокот, одговорен за фацијалните мускули. Кога го слушнала ова заплакала и рекла „Вчера бев убава, денеска сум чудовиште“, а и телото и било покриено со тешки рани.

Токму таму одлучила да го ослободи својот вереник од обврската да се жени, бидејќи знаела дека нема да ја сака таква. Цела година потоа, момчето и праќало писма, но таа не му одговарала.

Токму по една година откако заминал, мајка и влегла во нејзината соба и  соопштила дека момчето ќе се жени, па и ја подала поканата за на свадба. Иако сама решила така, таа сè уште премногу го сакала и со солзи го отворила писмото за да си го види сопственото име и презиме внатре.

Изненадена запрашала „Што е ова?!“

Тогаш во собата влегол дечкото со букет во раце, клекнал на колена и ја запрашал дали ќе се ожени со него.

На тоа девојката рекла„ Но, јас сум грда!“, а тој одговорил: „Без ти да знаеш, мајка ти тајно ми праќаше слики од тебе. Кога ги видов, сфатив дека ти се немаш променето. Сè уште си истата личност во која се заљубив и сè уште си прекрасна како и секогаш. Затоа што те сакам!“.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg