13 знаци дека не сте веќе толку млади

Ех, во наше време. Пишувавме дневници, собиравме салфетки и постери, значки и беџови, кубевме коси по Тејк Дет, немавме бели влакна...а, сега, што се променило?

13-znaci-deka-ne-ste-vekje-tolku-mladi

Како да си потврдите дека сте остареле?

1)Кога единствените луѓе од кои добиваш пошта се инкасаторите. Една од моите омилени работи кога заминував од дома на извесен период беше дочекувањето на полно сандаче - рачно напишани писма со срценца на нив, разгледници од некои патувања, исплати за некои хонорарни работи кои ги работев. Сега, кога ќе се вратам ме чекаат единствено некои достасани обврски за плаќање.

2) Едноставно немате разбирање за денешната музика. Порано, кога бевме помлади, во времето кога Џесика Симпсон, Бритни Спирс, Тејк Дет, Ист 17 беа во нивното најдобро издание, музиката беше тооооооолку добра. Знаете дека не сте млади како некогаш кога мислите дека музиката едноставно не е добра како порано. Џастин Бибер? Кој е тој?

3) Помислата на храната што ја сакавте сега ви создава мачнина во стомакот. Порано обожавав фаст фуд. Не знам што се има сменето, ама сега едноставно не можам да ја јадам. Штета, бидејќи нема ништо повкусно на светот од клуб сендвич или фамилијарна капричиоза и мноооогу кока-кола.

4) Не можете да сe одржите будни после 23 часот. Порано останував будна секоја вечер до 2-3 часот наутро без никаков проблем. Не правев ништо посебно, едноставно си го тепав времето. Сега? Тешко е да се остане буден после полноќ особено во текот на неделата.

5) Луѓето кое ве привлекуваат стануваат се помлади и помлади. Без никаква причина, очигледно!

6) Доколку ви е шокирачки фактот што луѓето родени после 1998 сега се тинејџери. Понекогаш не можам да се носам со помислата дека всушност луѓе се родиле после 80тите. Ах да, сега може да правите муабет и со родените во 2000та.

7) Повеќе не можете да излезете без да направите „диско дремка”. Сигурно и порано ги имав тие дремки постојано, со цел да ги издржам излегувањата до 6-7 сабајле. Сега не можам да додржам после 3-4 без ваква дремка.

8) Не се задржувате доцна повеќе. Не само што ви се потребни „диско дремки” туку со времето имате обврски, состаноци, работи за правење, проекти за финализирање, садови за миење. Кога пријателите ќе ви речат да останете на по уште една пијачка, го погледнувате часовникот и не гледате колку е доцна туку колку работи ве чекаат за да ги завршите за утре.

9) Кога почнуваат да ѕиркаат белите влакна. Обично ја фарбам косата, но од неодамна забележав неколку бели влакна и се распаметив. Мојот живот е готов. Белите влакна се знак дека сте премногу под стрес или пак дека стареете. Сеедно — фарбата во раце и правете што ќе правите!

10) Тешко ви е да спиете до 1 попладне како порано. Дали бидејќи едноставно не можете повеќе или бидејќи знаете колку многу обврски ве чекаат. Дури и ако успеете да спиете до пладне, се будите, го погледнувате саатот и паничите.

11) Облеката не ви стои повеќе. Можеби имате качено некое кило, а можеби бидејќи ова место е побуцкасто од ова? Облекувате маичка од пред неколку години и се осеќате како старлета во неа, а потоа маичка што неодамна сте ја купиле и сфаќате ...хмм... работите повеќе не стојат како некогаш! Наводно телото се менувало и се спремало за раѓање. Барем кај жените.

12) Постојано зборувате за тоа какви беа нештата. Се сеќавате кога постоеа онакви две цилиндрични нешта наречени „батерии” кои сите ги користевме со цел да ги одржуваме нашите електронски апарати? Како на пример кога ќе отидевте на некое патување и ќе понесевте со себе пакетче со 24 батерии DURACELL за вашиот ЦД-плеер и камера?

13) Немате појма кои се денешните тинејџерски ѕвезди. Кога бев мала ги читав НАШ СВЕТ, Cioe и сличните списанија како Библија. Имаа сè - постери од најпопуларните тинејџерски ѕвезди сликани полуголи покрај некое крајбрежје. А тука беа и сите оние цитати на момчињата како Џастин Тимберлејк. Тој имаше изјави како „Сè уште немам девојка, но кога ќе имам ќе се трудам да ја направам најсреќна на свет,” и јас потајно се надевав дека можеби јас ќе бидам таа. Видов ТАА на полиците во трафиката пред некој ден и немав појма кој е било кој од тие луѓе. Селена Гомез? Не знам што е тоа.

А.В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg