45 животни лекции

Не заборавајте дека животните лекции се она што ни е неопходно за да го прифатиме секој нов предизвик, и така сè до следната животна лекција, во круг. Во овој магичен круг единствено вие се надградувате, па затоа никогаш не заборавајте на бесценетоста на поуките кои сте ги научиле досега.

45-zivotni-lekcii-1

Токму ова се едни од најдобрите и највистинити лекции за животот:

1. Животот не е фер, но и понатаму е добар.

2. Кога се сомневаш, направи мал чекор.

3. Животот е премногу краток за да го поминеш мразејќи некого.

4. Твојата работа нема да се грижи за тебе кога ќе бидеш болен. Твоите пријатели и родители ќе се грижат. Затоа, остани во контакт.

5. Плаќај ги своите долгови секој месец.

6. Нема потреба секогаш твоето мислење да победи. Понекогаш согласи се дека различните ставови се во ред.

7. Плачи со некого. Тоа е полесно отколку да плачеш сам.

8. Сосема е во ред да си лут на животот. Тој тоа ќе го поднесе.

9. Штеди за пензија од првата плата.

10. Кога чоколадата е во прашање, отпорот е бесмислен.

11. Помири се со минатото за да не ја упропастиш сегашноста.

12. Во ред е да си допуштиш да плачеш пред децата.

13. Немој својот живот да го споредуваш со било чиј. Немаш претстава што се случува со туѓиот.

14. Ако врската треба да е тајна, не треба да си во неа.

15. Сè може да се промени само со едно трепнување.

16. Диши длабоко. Тоа смирува.

17. Ослободете се од сè што не е корисно, убаво или забавно.

18. Што не те убива, навистина те прави посилен.

19. Никогаш не е доцна за да имаш среќно детство. Другото зависи само од тебе.

20. Кога е во прашање нешто што сакаш, не прифаќај “не” како одговор.

Уште 25 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg